Орландо Блум ги посети мигрантите во Гевгелија
30 септември, 20150
Орландо Блум ги посети мигрантите и бегалците кои привремено престојуваат во Гевгелија, пред да заминат во некоја од земјите во ЕУ.
Во улога на амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, холивудскиот актер се фотографираше и разговараше со повеќе возрасни лица и деца и побара поголема заштита за најмладите.
„Овие деца патуваат по една од најсмртоносните маршрути за бегалци и мигранти во светот. Разговарав со деца кои преживеале ужасни патувања, често во екстремни временски услови, а многумина чекореле во единствените обувки и облека која ја поседуваат. Ако тие пристигнат безбедно на нивната финална дестинација, тие сепак ќе имаат неизвесна иднина. Треба да ги заштитиме и поддржиме“ – изјавил Блум.
https://www.youtube.com/watch?v=aLUCb-XY-mM