Ова е човекот што вчера уби 12 луѓе во Париз

8 јануари, 20150
12
На интернет се појавила снимка од една француска телевизија, на која се гледа како Шериф Куачи рапува. Видеото било снимено во 2004. година, односно пред ова момче од Алжир да стане радикален исламист.

Потрагата по напаѓачите на редакцијата на весникот “Charlie Hedbo” трае повеќе од 20 часа, а именувани се тројца осомничени – браќата Саид и Шериф Куачи и Хамид Мурад.


По масакрот во Париз, браќата Куачи го привлекле вниманието на цела Франција, но и на целата светска јавност, па така за нив во секој час се појавуваат нови детали.

На интернет се појавила снимка од една француска телевизија, на која се гледа како помладиот од браќата, Шериф Куачи, рапува. Видеото било снимено во 2004. година, односно пред ова момче од Алжир да стане радикален исламист.

Тој е државјанин на Франција, а бил осуден на условна казна затвор од три години во 2008., поради врска со еден регрутен центар за џихадисти во Париз, од каде борците оделе во војна во Ирак.

Бил уапсен заедно со уште едно лице во 2005. година, кога имал само 22 години, и тоа непосредно пред самиот да замине во Ирак.

Неговиот адвокат тогаш рекол дека тој е повеќе “момче од населба отколку што е радикален исламист”.

За постариот брат Саид се знае многу помалку. Постои една непотврдена информација од USA Today која вели дека тој минатата година престојувал во Сирија и дека е поврзан со “една терористичка група од Јемен”.

https://www.youtube.com/watch?v=WfRE9VPd-o0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi