Поранешен вработен во НАСА тврди дека видел вонземјанин висок три метри

31 март, 20150
Поранешен вработен во НАСА тврди дека видел вонземјанин висок три метри

Воздухопловниот инженер Кларк Мекклеланд тврди дека додека работел за НАСА, во периодот од 1958 до 1992 година, видел вонземјанин висок три метри. Тој тврди дека следел неименувана тајна мисија од контролниот центар за лансирање на НАСА, кога видел вонземјанин кој стои на две нозе во контролниот дел на шатлот и комуницира со двајца американски астронаути.

Како што наведува „Дејли Мирор“, Мекклеланд истакнува дека необичната појава ја гледал една минута и седум секудни и дека е сигурен што видел.
– Ги препознавам вонземјаните и нивните артефакти кога ќе ги видам, тука се на Земјата, шетаат меѓу нас. Можеби се дури и во владите на нашите земји, тврди Мекклеланд во едно од неговите видеа на објавени на ЈуТјуб.

Оние кои веруваат дека Мекклеланд навистина видел вонземјанин, тврдат дека ова е најцврстиот доказ за големиот број теории за контактите на американската влада со вонземјани. Меѓутоа, скептиците го обвинуваат Мекклеланд дека е непресметлив и дека никогаш не работел за НАСА. Сепак, Мекклеланд не отстапува од неговата приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *