Снимал за време на операција: Она што го слушнал го запрепастило

30 јуни, 20150
13

Еден пациент во болница во Вирџинија чекал да го подготват за операција. Пред да го оперираат докторите го советувале за терапија која треба да ја прима по операцијата, а тој го снимал тој разговор на неговиот мобилен телефон во случај да не го запомни. Потоа му вбризгале анестезија и таа брзо почнала да делува, па така заборавил да го стопира снимањето.

Откако сè добро завршило и се вратил дома, решил да ја прегледа снимката и открил невкусна вистина.

– По само пет минути со тебе, пред операцијата, ми дојде да ти удрам една во лице, изјавила докторката само неколку минути откако почнала да делува анестезијата.

Истата докторка го предупредила и асистентот да внимава на црвенилото кое го имал пациентот, за да не се зарази.

– Може да добиеш сифилис на раката, рекла докторката и додала дека човекот можеби боледува од ебола или туберкулоза на пенисот, а потоа сите се смееле.

Еден од асистентите го нарекол пациентот ретардиран, а потоа следеле нагаѓања за неговата сексуална ориентација. Нагаѓале дали е геј, а докторката кажала дека познава хомосексуалци кои имаат „многу повеќе во панталоните“ од овој пациент.

Пациентот не можел да верува во она што го слушал, затоа што имал голема доверба во докторите. Сепак, решил да ја објави снимката, а откако тоа стигнало до ушите на директорот, докторката добила отказ.

Исто така, преку судски пат побарал оштета и си добил 500 000 долари.

– Ова е преседан, никогаш претходно не сум се сретнал со сличен случај, изјавил адвокатот кој го застапувал пациентот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *