24 мај, 2017

Радио

Агнес тврди дека голем број на агенти кога ги виделе нејзините фотографии и слушнале за пропорциите, веднаш се откажале од секаква соработка.

Шведскиот модел Агнес Хедебгард, лута по неуспешните аудиции, одлучи да ги открие сите апсурдни стандарди на модната индустрија. Имено, таа е 180 сантиметри висока, тежи само 57 килограми, има тело на кое завидуваат многу жени, но тоа не е доволно за модни агенти.

manekenka, Agnes Hedebgard, foto profimedija

Таа не можеше повеќе да толерира и на YouTube објави видео во кое позира во бикини, со цел да му докаже на целиот свет какво тело има.

Секој вели исто – да се вратам во форма. Тие велат дека сум премногу дебела.. -зборува таа на почетокот на видеото, а Агнес подолу покажува дел по дел од телото .

“Премногу, премногу … задникот е голем, премногу широки колкови.”

Остави коментар

Почетна // вести // свет // Манекенка во очај, висока е 180, а тешка 57 килограми, додека пак агентите и велат дека е дебела и мрсна!
Горе