За болеста го обвинува менаџерот: Ѕвездата од серијата Беверли Хилс открива дека боледува од рак!

20 август, 20151
senon-doerti-glumica-brenda-foto-profimedia-1440057679-723121

Холивудската актерка Шенон Доерти боледува од рак на дојка.

Здравствената состојба на 44 годишната актерка, позната по улогата како Бренда во серијата Беверли Хилс, е откриена откако поднела тужба против поранешниот менаџер, кој го обвинила за недостаток на грижа за нејзиното здравствено осигурување.

Како што пренесуваат странските медиуми, во тужбата напоменала дека ќе треба да оди на мастектомија и хемотерапија. Откриено е дека болеста ја открила во март, кога најпосле успеала да оди на преглед кај доктор, и го обвинува менаџерот за тоа што доцна дознала за болеста. Поточно, во тужбата се наведува дека редовните прегледи биле нејзина пракса која не можела да ја реализира бидејќи осигурувањето и било откажано.

На фирмата во која работи нејзиниот менаџер, Доерти и давала 5% од приходите за да се гижат за нејзините работи, помеѓу останатото и здравственото осигурување, стои во тужбата, а со нив соработката ја прекинала во 2014 година.

Таа ги обвинува дека ги игнорирале сметките за наплата на осигурувањето кое потоа е откажано, а таа повторно можела да го добие дури оваа година.

Лекарите и посочиле дека болеста се појавила во периодот кога не била осигурана.

One comment

  • јовнка

    23 август, 2015 at 17:19

    назалост и тоа се случува, што побрзо да оздраве, и пак да ја гледаме како во популарната серија беверли хилс.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi