Таа има само 14 години и моли да умре

28 февруари, 2015
9

14-годишната Валентина Мауреира од Чиле, која пати од цистична фиброза, поставила виде на ЈуТјуб во кое моли врз неа да се изврши еутаназија. Таа од болничкиот кревет му се обраќа на претседателката на Чиле, Мишел Башеле и ја моли да и` дозволи да умре достоинствено.

1

 

„Барам итно да разговарам со претседателката, затоа што веќе не можам да живеам со оваа болест. Ми треба нејзино одобрување за да примам инекција која ќе ме успие засекогаш“, вели ова девојче чиј постар брат починал од истата болест кога имал само шест години.

Алваро Елизаде, кој ја застапува претседателката, вели дека е „невозможно некој да не биде трогнат од нејзиното барање, но исто така е невозможно да се исполни нејзината желба“, затоа што не е во состав со законот во Чиле. Во таа прилика, тој рекол дека министерството за здравство е во контакт со семејството на Валентина и дека и` е обезбедена целата неопходна психолошка помош, како и сите достапни медицински третмани.

2

Валентина патела од болест на респираторните органи и неухранетост, кога на 30 јануари е примена во болница, вели нејзиниот доктор Андреас Кастиљо.

„Моментално третманот е насочен кон нејзината неухранетост, а персоналот им е голема поддршка и нејзе и на нејзиното семејство“, вели докторот.

https://www.youtube.com/watch?v=2bo7HWl7VPo

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi