Најлудиот среќен пар: Тој е бодибилдер висок 134 cm, а таа е родена како маж

31 март, 20150
1
52-годишниот Антон Крафт од Флорида ги соборува сите рекорди. Со височина од 134 центиметри подигнува тегови од 228 килограми, што е четири пати повеќе од неговата тежина. Најсилниот човек на планетата и приватно ги руши границите – 10 години е во врска со 43-годишната Чајна Бел која е висока „само“ 192 центиметри.

 


„Некои луѓе ова што го правам јас го нарекуваат слабост и синдром на „мал човек“, велат дека се обидувам да бидам некој друг или нешто да докажам. Јас сум само единствениот маж на светот гој подигнал тегови четири пати потешки од самиот себе“, вели Крафт.


Лекарите често го предупредувале дека соборувањето на вакви рекорди е преопасно за него и дека може да предизвика срцеви проблеми. Антон и ги имал неколку.


Сепак, тој планирал да собори уште еден рекорд, потешки тегови чекаат на него, а пред впуштањето во нов предизвик внимателно ќе ги проверел своите можности.

Чајна, која е родена како маж, му ја давала најголемата поддршка.


„Можеби ќе ја запросам Чајна, мислам дека моето презиме одлично би стоело покрај нејзиното име“, додава тој.

Љубовта не се грижи за границите, па дури и во случајот на овие двајца заљубени луѓе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *