Што говори формата на ноктите за вашиот карактер?

10 јануари, 20150
14

Правоаголни нокти

Вие едноставно не можете да одминете ништо ново, без разлика дали станува збор за парфем, козметички производ или пак нешто друго. По природа сте оптимист и уживате во животот постојано. Вие умеете да носите заклучоци и да извлекувате поуки од сето она што се случува околу вас. Ако си поставите некоја цел, најверојатно ќе ја постигнете. Неповолните услови може само да ви го успорат патот кон неа, но не и да ве запрат.

Трапезоидни нокти

Не сте навикнати да се сомневате во своите сили и едвај би дозволиле да живеете со нешто што не е во ред. Вие имате силна потреба да добивате признание од околните и затоа реагирате многу остро на критиката, особено ако се однесува на надворешниот изглед. Меѓу вашите несомнени аргументи се динамичноста, енергичноста и вештината да се информирате – вие секогаш сте во тек со настаните од различен обем.

Квадратни нокти

Вие сте исклучително нормален човек и се одликувате со душевно спокојство и внатрешен мир. Цените крајно висока независност.

Округли нокти

Имате дарба како архитект, но меѓу делата ви преовладуваат воздушните кули и песочните замоци. Понекогаш сте премногу занесени и сентиментални. Понекогаш ве измачува несвесно чувство за вина.

Ветрилни нокти

Ако ноктите имаат форма слична на отворено ветра (основата е доста потесна од врвовите) – вие сте премногу чувствителни. Ранливата душа и чувството за правда не ве оставаат да живеете спокојно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi