Тајниот живот на арапските плејбои

30 септември, 20150
4

Тајниот живот на арапските плејбои на Емиратите е табу тема, за која не се говори. На Западот, тоа не е никаква тајна, токму затоа што истите тие принцови од врелото лето на Емиратите бегаат во Европа и САД, каде трошат огромни суми на нивните пороци.

Само пред неколку недели шеикот Калид бин Хамад ал-Тани од Катар ги напушти САД откако претходно дивееше со своето жолто ферари на улиците на Лос Анџелес и ги загрози животите на неколку случајни минувачи.

Сепак, Лондон е омиленото одредиште на богатите принцови. Летото во престолнината на Англија резервирано е за „екскурзија“ на милијардерите од Емиратите, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија. Така златните „ренџ-ровери“ станаа вообичаена појава на паркинг просторот пред лондонските хотели.

На англиските аристократи воопшто не им се допаѓа оваа наезда на богати принцови. Прво, затоа што овие принцови се разуздани, што конзервативните аристократи неможат да го замислат, а второ, што можеби е и поважно – имаат многу повеќе пари, пренесува Дејли меил.

Даниел Хамворт, човекот што е „специјалист“ за привремен увоз на возила за неговите арапски клиенти во Европа, вели дека принцовите што одат во Лондон се млади, многу богати и таинствени.

Поголемиот дел од овие момчиња е на возраст помеѓу 21 и 25 години, а сумата што тие ја трошат за неколку месеци, некој неможе да ја заработи ниту за целиот свој живот.

Тие доаѓаат во Лондон да се опуштат и да се забавуваат, затоа што Европа им го пружа сето она што неможат да го прават дома, каде правилата се мошне построги. Откако ќе „проживеат“, се враќаат во своите кралства, каде ги очекува женидба, вели Хемворт.

Даниел наведува дека младите Арапи се клиенти со исклучителни побарувања и дека се мошне незгодни за соработка.

Се што бараат мора да биде направено веднаш, утре не е во ред. Многумина од нив остануваат на нивните луксузни имоти што ги купиле во Лондон, Париз, Лос Анџелес…

Ако не се сопственици на некој недвижен имот, тогаш го изнајмуваат претседателскиот апартман во најскапите хотели на неколку месеци, вели Хемворт.

Според неговите зборови младите шеици се доста затворени.

Не се параноични, но се многу таинствени. Не му го кажуваат своето име секому и многу често одговараат само со еден збор. Им го крева егото тоа што луѓето им завидуваат на богатството и скапоцените автомобили што ги поседуваат, но сепак се држат на дистанца, изјави Даниел.

Покојниот шеик Рашид бил постојан гостин во Лондон. Во согласност со богатството на неговиот татко, што според „Форбс“ изнесува 1, 9 милијарди долари било и однесувањето на Рашид.

Се уште се говори за неговите забави што тој ги организирал на покривите на најскапите лондонски хотели, каде уживал со голем број жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi