За сите бев „Грдата Бети”, но пораснав и покажав дека можам да бидам убава

28 февруари, 20150
8
21-годишната Мариа Пероу за време на целото школување трпела насилство од врсниците. На училиште ја нарекувале „Грдата Бети“, но таа денес има успешна кариера на фотомодел.

Мариа отсекогаш сакала да учи, а за време на школувањето книгите и` биле подобри пријатели од врсниците, кои поради нејзиниот „изглед на бубалица“ ја исмевале и ја понижувале.

 

„Денес никој не ми верува какви трауми преживував како девојче. Тоа беше еден многу тажен период од мојот живот кога се чувствував многу осамено“, раскажува младата Мариа.

 

Како што вели, на училиште постоеле неколку групи деца, кои често се изживувале врз неа затоа што се облекувала поразлично и имала изразено интересирање за уметноста.

 

„Ме нарекуваа Шилјо и Грдата Бети и имав голем проблем да најдам пријатели. Кога малку пораснав, почнав редовно да вежбам и го променив начинот на исхрана. Една другарка ме посоветува дека би требало да се пријавам за избор за мис, па тоа и го направив“, раскажува Мариа.

 

Со својата приказна, таа би сакала да им помогне на другите кои се наоѓаат во слична ситуација во која таа некогаш била и да им порача да веруваат во себе и секогаш да го слушаат своето срце.

 

„Затоа се пријавив на изборот за мис, за да им докажам дека грешат и дека секој е убав на свој начин. Иако звучи како клише, убавината навистина доаѓа одвнатре. Навистина е важно каков човек сте“, вели Мариа.

 

Некои од врсниците кои ја малтретирале на училиште, се обиделе да ја контактираат преку Фејсбук, но таа не сакала да ги прифати.

 

„Нека си ги живеат своите животи, а јас ќе го живеам мојот. Со својот пример сакам да покажам дека се исплаќа да бидеш јас и да веруваш во себе“, порачува младата девојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *