Фудбалерот со македонски корени стигна да ја трезни пијаната и разголена Никол

30 јуни, 2015
11

Никол Шерцингер викендот беше на Миконос, каде што го прослави својот 37-ми роденден заедно со нејзините другарки, но и со фудбалерот Пајтим Касами, кој има македонски корени. Касами живее во Швајцарија, но неговите родители потекнуваат од Струга.

Овој 23-годишен фудбалер успеа да се сплетка со Никол и да ја ќари, па макар само за неколку дена. Изгледа Никол решила да го живее животот во целост, па не дозволува да ја „прегазат“ годините. Додека се движеле накај дискотеката била прекрасна и секси девојка, но на крајот од вечерта, не можела да стои на нозе, па затоа тука бил Касами за да ја однесе до нејзиниот хотел.

Таму се одвивала вистинска забава. Никол играла со пријателките и била весела, а за гаќичките кои постојано ѕиркале воопшто не се ни грижела.

– Никол не излегува секоја вечер и не се однесува вака, но сега е на одмор со нејзини блиски пријатели и го прославува роденденот. Само ја разбушави косата и реши да се забавува. А сите знаеме колку и беше напорна целата година поради прекинувањето на врската со Луис Хамилтон, изјавил извор близок до пејачката.

Многумина нагодуваат дека се работи само за една афера помеѓу Касами и 14 години постарата пејачка, но времето ќе покаже дали има искра меѓу нив.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi