ГО РАСПЛАКА: Вака Северина му го честиташе 28-от роденден на Игор Којиќ!
31 јули, 20150
Северина ја покажа својата романтична страна.
Северина Вучковиќ вчера постави билборд со роденденска порака пред домот на Кеба. Пејачката на своето момче Игор Којиќ му го честиташе 28-от роденден со огромна табла поставена на приколка на која пишуваше:
Љубов моја, среќен роденден, те сакаме, а потоа шифрирано во срце ги спои буквите А, С, С, С со кои често се разбираат и на Инстаграм, но никој не знае што значат. Претпоставуваме дека се однесува на нејзиното име и името на нејзиниот син Александар.
Кога Игор ја видел пораката пред неговиот дом останал без текст и за малку ќе заплакал од среќа. Во истиот миг и се јавил на Севе да и се заблагодари, изјави извор близок до парот.