Холивудскиот живот на новата золва на Северина

30 ноември, 20150
18

На свадбата на Северина и Игор Којиќ недостасуваше еден член од неговото семејство.

Неговата сестра Наташа (31) наводно поради обврски не можела да дојде од Лос Анџелес, каде живее веќе седум години, а каде се пресели поради желбата да се пробие на тамошниот пазар создавајќи музика, но и појавувајќи се во филмови и видео спотови, меѓу останатото и во филмот на Скорсезе „Волкот од Вол стрит“.

Наташа многу често со својот холивудски псевдоним Natasha Key знае да ги изненади своите пријатели на социјалните мрежи со по некоја фотографија на која е со некоја славна фаца од Холивуд. Таа се појавува во филмот „We Are Your Friends“ со Жак Ефрон, а има снимано и со Никол Кидман и Киено Ривс, односно се има појавено во 19-тата епизода од серијата „2 Broke Girls“. Северина редовно ги коментира нејзините фотографии, за разлика од нејзиниот брат Игор.

Наташа преку барата замина по завршувањето на музичката академија во Белград. Таа замина откако доби стипендија во престижниот Berklee College Of Music. Пред да замине проба да направи кариера во Србија, настапувајќи на неколку фестивали, а по заминувањето во Америка започна да работи и во агенција за статисти.

Неодамна се појави во спотот на Panic! At The Disco во која глуми атрактивна девојка во леопард-бикини која го посипува пејачот со шампањско, додека песната се има појавено и во познатото реално шоу „Keeping Up with the Kardashians“.

Според српските медиуми, нејзиниот татко Кеба не е пресреќен поради тоа што е во врска со црномурестиот Асиа Кајлес, а ни братот Игор, па се шпекулира дека токму затоа таа не се појавила на свадбата на Северина и Игор.

Инаку, свадбата се одржа на 22 ноември, кога Игор и Северина си ветија вечна љубов, и веќе следниот ден Северина на Инстаграм го смени своето презиме во Којиќ со што ги воодушеви своите фанови.

httpv://www.youtube.com/watch?v=AUChk0lxF44

Наташа честитка на младенците им испрати преку Скајп
httpv://www.youtube.com/watch?v=jHPMX9w7UKs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi