Најубавите Playboy зајачици на сите времиња

30 јуни, 2015
12

Кога Хју Хефнер во 1951-та ја напушти работата во списанието “Esquire”, бидејќи тогашниот уредник одби да му го зголеми хонорарот на 5 долари, кој ќе си претпоставеше дека тој ќе основа сопствен магазин кој ќе влезе во историјата како списание кое ја слави женската слобода и сексуалност.

Примерок од првото издание на Playboy од декември 1952-та година чинело само 50 центи, а најголемата холивудска дива во тоа доба беше на насловната страница.

Мерлин Монро

Иако многумина знаат дека Мерлин Монро се нашла на насловната страница на првиот број на Playboy, сепак никој го знае фактот дека актерката всушност никогаш не се фотографирала за овој магазин.

Хју Хефнер, сопственикот на најпопуларниот магазин за мажи, ги откупил разголените фотографии на филмската дива во моментите кога таа го стекнувала статусот на неприкосновен секс симбол на Холивуд, ја ставил на насловната страница на магазинот кој потоа ќе стане синоним за еротиката.

Памела Андерсон

Канадската секс бомба, Памела Андерсон прв пат се појавила на насловната страница на ова легендарно списание во 1989-та година, а влезе во историјата на Playboy како единствена позната жена која насловната страница на овој магазин за мажи ја красела 13 пати.

По првата насловна таа била ангажирана во серијата „Чувари на плажата“, благодарение на која ја стекна светската слава.

Синди Крафорд

Синди Крафорд е супермодел кој ги одбележа 90-те, а за престижниот машки магазин се сликаше дури три пати, прво на почетокот на кариерата во 1988-та, потоа скоро деценија подоцна во 1996-та, а потоа Синди се најде на насловната две години потоа.

Шерон Стоун

Холивудската актерка Шерон Стоун го красеше јулското издание на Playboy. Она што за многумина е непознат факт е тоа дека токму фотографирањето за овој магазин и помогна на актерката во лансирањето на кариерата.

Филмот Ниски страсти и прославеното прекрстување на нозете следеа дури по објавувањето на разголените фотографии во Playboy.

Ел Макферсон

Ел Макферсон е супермодел кој денес, во шестата деценија од животот го оправдува прекарот „Тело“, а во почетокот на 90-те беше на врвот на својата кариера. Таа се најде на насловната страница на Playboy во мај 1994-та, облечена само во хулахопки, а тој број беше еден од најпродаваните.

Дита Вон Тиз

Ако Playboy е заслужен за кариерата на било која позната личност, тогаш тоа секако е Дита Вон Тиз. Таа се најде на насловната страница на овој магазин во 2002-та, а тогаш во интервјуто кое го даде призна дека токму жените кои се сликале за Playboy ја инспирирале да стане модел.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi