Новиот албум ја чинел скапо: Како Адел ги налутила своите пријатели и изгубила милиони?

28 октомври, 20150
17
Песната “Hello” на британската пејачка доминира на топ листите ширум планетата, но сега било откриено дека долгоочекуваниот нов албум, Адел ја чинел скапо.

Адел признала дека фалело многу малку албумот воопшто да не биде објавен, бидејќи поради мирниот семеен живот пишувала само “здодевни” песни. Изворите сега откриваат дека новиот албум ја чинел пејачката четири милиони фунти, а најмалку половина од таа сума ја потрошила на материјал кој на крајот не се нашол на албумот.

Покрај тоа, Адел за време на снимањето се оддалечила од колегите, успешни музичари кои соработувале со неа, а кои немале убави зборови за пејачката кога ја отфрлила нивната работа.


“Просечниот трошок за албум на ѕвезда од нејзиниот статус е околу 2 милиони фунти. Во овој албум не се вложени само крв, солзи и пот, туку и милиони фунти кои практично беа фрлени. Роковите беа пробиени, а директорите на издавачките куќи ги кубеа косите прашувајќи се дали албумот некогаш ќе биде готов”, вели еден извор од музичката индустрија.


Адел и самата признала дека многу од материјалот завршил во ѓубре.

“Напишав многу песни кои не влегоа во албумот бидејќи едноставно не беа доволно добри. Напишав албум за мајчинството, но тоа беше многу здодевно, па го отфрлив. Мислев дека останав без идеи”, рекла таа.

“Главниот проблем е што Адел е среќна, па не можеше да пишува”, рекол изворот и додал:

“Претходно пишуваше за пропаднатите врски и тажниот живот, а во следниот момент има 22 години, 10 Греми награди, Оскар, Златен глобус, милиони фунти, партнер и бебе. Во нејзиниот приватен живот сe одеше како што треба, но во нејзиниот креативен живот сè беше погрешно. Ја загуби насоката и инспирацијата. Замоли многу важни луѓе од индустријата за помош, а тие ѝ помогнаа. А потоа, таа ја отфрли нивната работа. Поради тоа многумина ѝ беа лути”.


Меѓу нив бил и легендарниот Фил Колинс, кој изјавил:

“Ми се јави и ме праша дали може да пишувам со неа. Ми даде дел од музика за да ја завршам, а потоа не ми се јави повеќе. На крајот ми кажа дека се сели и дека бебето ѝ одзема премногу време, и дека нема време да се занимава со музика. А сега слушам дека објавува албум. Знам дека јас не сум на албумот”.


Адел го налутила и фронтменот на групата Блур, Дејмонд Албарн, кој рекол дека исто така соработувал со неа за новиот албум, но дека се сомнева дека неговиот материјал ќе биде искористен. Слична судбина имале и Фарел Вилијамс и Дајен Ворен, кои сега немаат убаво мислење за Адел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi