Ријана во златна креација од Армани
30 јуни, 20150
Ријана го заобиколи црвениот тепих, но не остана незабележана на синоќешната манифестација по повод доделувањето на BET (Black Entertainment Television) наградите.
За свеченоста која се одржа во Лос Анџелес, 27-годишната пејачка избра златен женски костум од Џорџо Армани.
За време на манифестацијата, Ријана откри дел од видеозаписот за својот нов сингл „B**** Better Have My Money“.