Овој режим ветува дека изгубените килограми нема да се вратат: УН диета

25 април, 20151
6

Позната уште како диета “Обединети нации“, и популарна во светски рамки затоа што за овој режим на исхрана се смета дека освен што ќе ви помогне да ги изгубите вишокот килограми, воедно ќе допринесе изгубените килограми никогаш повеќе да не се вратат. Сите знаеме дека постојат инстат диети со кои брзо се слабее, но резултатот е краткотраен. Оваа диета ветува нешто друго, па затоа ви ја препорачуваме.
Диетата трае 90 дена а се ослабнува од 18 до 25 килограми.
Доколку сакате помалку да ослабнете ќе ја прекинете порано диетата.
Диетата секогаш започнува со протеински ден, па следи скробен ден,јагленохидратен ден, овошен ден и повторно протеински.
Редоследот не смее да се менува!

Доручек – сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје.

1 ден – Протеински ден
Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци.
Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината.
Вечера-истото од ручекот, но без супата.
Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо.

2 ден – Скробен ден
Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варена и единствено зачинета со сол, вегета, кечап или варен домат. Едно парче леб и салата.
Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.

3 ден – Јагленохидратен ден
Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли.
Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење.

4ден – Овошен ден
Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате.
После циклусот од 7×4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер.
После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден. Кафе и чај може да пиете но без шеќер.
Соковите сведете ги на минимум. Се што е наведено треба да се јаде бидејки има своја улога во организмот.
Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ке му даде енергија на организмот.
Чоколадата го штити организмот од можни алергии.
Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени за нашите услови и поднебје.
Мора да бидете доследни и упорни. Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите,
но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми.

После 90 дена диета уште толку за доручек се јаде само овошје, додека со ручекот и
вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци.

One comment

  • lile landova

    9 мај, 2017 at 09:33

    vredi da se proba

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *