8-те фази на сексот во врска

31 март, 2015
10

Секој пар е предодреден горе-долу да помине низ 8 фази од својата врска. Најпрвин нема да се одделуваат еден од друг, за потоа да го користат сексот како оружје, се додека не дојдат во фазата кога односите сериозно ќе им западнат во рутина.

1.Опсесија и страст

Првата фаза е пропратена со еуфорија и опсесија на еден со друг. Хормоните работат под полна пареа, па телата имаат експлозивна енергија. Сексот е чест, партнерите се незаситни и повеќето од времето го поминуваат во креветот.

2. Мазење

Откако ќе помине почетната фаза на зачестен секс, следува втората во која партнерите повеќе време поминуваат во милување. Сексот на предното седиште од автомобилот, преминува во секс на помирно место надополнет со нежни допири и чувство на сигурност.

3. Кој е помоќен?

Во третата фаза се определува кој е оној што ќе доминира во врската. Караниците се интензивни и остри, а сексот се користи како оружје за добивање предност, за постигнување на целите, како и за ускратување на нештата.

4. Кокетирање со други

Свесни дека партнерот односно партнерката не може да ги задоволи сите потреби надвор од домот, луѓето започнуваат да наоѓаат друг начин за да им биде интересно. Започнуваат да практикуваат ново хоби, повеќе излегуваат со пријателите и слично. Разликите во сексот стануваат се поочигледни, па ова е вистинското време кога се препорачува да се практикуваат нови работи во креветот.

5. Хаос поради децата

Децата прават огромна промена во сексуалниот живот на мама и тато. Лошиот сон и новите обврски си го прават своето со што сексот доаѓа во втор план, а партнерите мораат да се прилагодат на новите улоги. Колку пониски се очекувањата, толку полесно се поминува привремената суша во креветот.

6. Сексот станува рутина

Страста и креативноста ги нема никаде и сè се сведува на рутинско изведување на должноста. Многу парови мошне тешко ја надминуваат оваа фаза од својата врска или брак.

7. Заедничко стареење

Вообичаено ова е моментот кога децата заминуваат од домот и партнерите повторно имаат можност да се посветат еден на друг, а со тоа и да поминуваат повеќе време заедно. Сексот можеби не е толку чест како порано, но затоа е квалитетен.

8. Повторно вљубени

Оние кои ја имаат таа среќа да ги преживеат сите претходни фази, во 8-та фаза се чувствуваат како на почетокот на својата врска. Голем број на 70-годишници признаваат дека се мошне задоволни од сексуалниот живот во оваа фаза кој им се одликува со уживање, поврзување и нежност.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris