Што ги спречува мажите да ви пријдат?

31 декември, 2015
13

Секогаш кога ќе излезете, изгледате прекрасно, може да се каже дури и совршено, но мажите некако се држат понастрана од вас. Сигурно сте се запрашале што ги спречува мажите да ви пријдат. Дали тоа е нивното преголемо его или пак има нешто друго? Еве неколку работи кои може да го „избркаат“ дури и најголемиот ваш обожавател.

Вашиот изглед

Некои жени иако не се најпривлечни на светот секогаш ги освојуваат машките погледи, а други пак иако изгледаат одлично, имаат проблеми со пронаоѓањето на маж кој ќе ја покаже заинтересираноста кон нив. Мажите се плашат од привлечни жени, затоа што токму од нив најчесто се одбивани. Што може да го „исплаши“ во вашиот надворешен изглед?

Премногу луксузен стил

Облеката по последна мода, гламурозните чевли и совршената фризура, за која е очигледно дека сте ја направиле на фризер, ќе ве стават во центарот на вниманието. Но, иако изгледате прекрасно, можно е ниту еден маж да не се осмели да ви пријде.

Зошто? Таквиот стил им кажува на мажите дека имате скап вкус за облека и дека ви се потребни многу пари за одржување на изгледот. Тие се плашат дека нивниот паричник не е доволно длабок за да ги задоволи вашите потреби и поради тоа воопшто не се ни обидуваат да ве шармираат.

Што да правите? Не претерувајте со гламурозниот изглед. Вечерното излегување не е бал или свадба, па да треба да изгледате како славна личност на црвениот тепих. Убави фармерки, секси блуза, високи потпетици, пуштена брановидна коса и малку шминка ќе направат да изгледате подружељубиво и мажите ќе се чувствуваат попријатно кога ви приоѓаат.

Премногу секси изглед

Во ред е да покажете малку кожа, но премногу разголената облека нема да ви донесе добар маж, каков што посакувате. Секси изгледот ќе го привлече погледот на мажите, но поретко ќе ги натера да ви пријдат.

Зошто? Причините може да бидат две. Прво, тој се плаши дека сте премногу секси за него и дека никогаш не би го ни погледнале. И второ, може да смета дека не сте примерна женска и може да не ве сфаќа сериозно.

Што да правите? Можете да бидете привлечни и без вашиот изглед да вика „секси“. Ако носите кратка сукња, не облекувајте и премногу разголена блуза. Мажите сакаат малку мистерија. Неговото око подолго ќе ве следи ако не може веднаш да утврди што се крие под облеката.

Премногу алкохол

Алкохолот може да ве расположи, но консумирајте го во мали количини. Сè што е повеќе од 2-3 чаши може да го промени вашето однесување на полошо и да оставите погрешен впечаток.

Зошто? Одговорот е јасен. Сигурно ќе се согласите дека пијана жена не изгледа воопшто привлечно. Ако тој имал сериозни намери кон вас, сигурно ќе му паднат во вода ако ве види како распуштено пиете покрај шанкот и ги преминувате границите на примерно однесување.

Што да правите? Едноставно знајте си ја границата и не претерувајте. Ако ви е тешко да ја испиете 2-рата чаша, воопшто не си ни порачувајте 3-та.

Намуртено лице

Ако им веруваме на истражувањата, тогаш треба да прифатиме дека насмевката е едно од првите нешта што мажите го забележуваат кај жените. Пријателската насмевка не само што е неопходен дел од процесот на флертување, туку таа издава и некои црти на вашиот карактер.

Зошто? Мажите пред да ви пријдат сакаат да добијат некаков сигнал дека и вие сте расположени за дружење или пак за нешто повеќе. Контактот „очи в очи“ и насмевката се јасни знаци за тоа. Ако не ги добијат од вас и вие постојано седите со намуртено лице, вие им кажувате дека не сте пријателски расположени или пак дека ги потценувате сите околу вас.

Што да правите? Ставете ја на лицето онаа насмевка од која ви светат и очите. Ако забележите дека некој ве набљудува (а жените скоро секогаш забележуваат) и сакате да ви пријде, тогаш не двоумете се. Погледнете го еднаш-двапати и насмевнете му се. Така ќе го охрабрите да ви пријде.

Околностите

Големо женско друштво

Излезени сте со многу пријатели и лудо се забавувате. Сите изгледате прекрасно, но ниту еден маж не се осмелува да ѝ пријде на ниту една од вас. И следува едно големо..

Зошто? Мажите се плашат кога треба да ѝ пријдат на жена опкружена од многуте нејзини пријателки. Во таков случај тие знаат дека ќе бидат критикувани од нејзините пријателки додека се обидуваат да ја освојат. Но не само тоа, тие се плашат дека ако бидат одбиени тоа ќе се случи пред многу луѓе и нормално срамот ќе биде поголем.

Што да правите? Додека сте излезени, неколку моменти бидете настрана од пријателите за да изгледате подостапно. Порачајте си пијалок од шанкот, одете до WC или излезете 2-3 минути надвор на воздух. Создајте им услови на вашите обожаватели да се пресрамат и да го направат првиот чекор.

забава

Мажите се плашат кога треба да ѝ пријдат на жена опкружена од нејзините пријатели.

Машко друштво

Во вашето друштво има неколку мажи и вие слободно разговарате со нив. Се смеете и се забавувате. Не е тешко да се претпостави дека токму тоа може да ги исплаши оние чие внимание сте го привлекле уште од моментот кога сте се појавиле во просторијата.

Зошто? Мажите се плашат од конкуренцијата. Тие никогаш не можат да бидат сигурни дали другите мажи со кои разговарате ви се само пријатели или пак нешто повеќе, па го избираат сигурниот пат и се насочуваат кон женска која изгледа подостапна.

Што да правите? Никој не вели дека треба да престанете да се забавувате со вашите пријатели. Само што ако го правите тоа, не очекувајте дека тајните обожаватели одненадеж ќе соберат храброст да ви пријдат. Ако сакате да изгледате подостапно, останувајте повеќе време насамо, комуницирајте повеќе со женските во друштвото и давајте му јасни сигнали на оној кој ви се допаѓа дека ако ви пријде нема да остане со корпа во рацете.

Се разбира, постојат многу други причини кои му попречуваат да ви пријде, но горенаведените можете да ги отстраните или „ублажите“. Не сметајте дека на мажите им е лесно да го направат првиот чекор, особено ако се срамежливи или не многу искусни. Имајте трпение и кога најмалку го очекувате, ќе се појави оној вистинскиот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi