Ќерка на Џони Деп во кампања за очила на Шанел

30 септември, 20150
9

Шанел ги објави фотографиите од новата кампања за очила со 16-годишната ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради.

Лили-Роуз Деп ги претстави моделите од колекцијата „Pearl“ и за промотивните фотографии позираше пред објективот на креативниот директор на француската модна куќа, Карл Лагерфелд.

„Лили-Роуз е прекрасна, таа е млада девојка од нова генерација со сите квалитети на ѕвезда“ – изјавил Лагерфелд.

Лили-Роуз Деп Лили-Роуз Деп

„Работењето за куќа толку убава како Шанел, опкружена со талентирани и топли луѓе беше прекрасно и уникатно искуство за мене. Карл е неверојатно талентиран, но и го направи моето прво модно искуство незаборавно и забавно“ – изјавила Лили-Роуз.

Лили-Роуз Деп Лили-Роуз Деп Лили-Роуз Деп

Откако по стапките на својата мајка зачекори во модниот свет, Лили-Роуз започна да ја освојува и филмската индустрија, додавајќи сè повеќе и повеќе филмски улоги во своето портфолио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *