Вистинската боја на сенки за вашите очи

31 декември, 20150

Очите имаат огромна улога во целосниот изглед. Нема подобар начин да ги истакнете вашите очи од употребата на убави сенки кои си одговараат со бојата на очите. Потрагата по идеалната боја на сенки за очи е долга и мачна, особено ако не знаете во која насока да тргнете.

Каква боја на сенки за очи треба да изберете зависи како од бојата на вашите очи, така и од тенот. Еве неколку совети што ќе ве упатат кон вистинските бои со кои вашите очи ќе ја покажат целата своја убавина.

Сини очи

Топлите нијанси на кафеавата боја и прасковата боја се идеални за да ги истакнете вашите очи. Исто така можете да користите сенки со розови нијанси. Тие ја истакнуваат убавината на сините очи. Избегнувајте сенки во сина боја.

Зелени очи

За да ги истакнете користете топли портокалово-кафеави нијанси. Силен ефект ќе постигнете и ако употребувате виолетови и пурпурни нијанси на сенки.

Кафеави очи

Ако имате кафеави очи, бидете среќни. Можеби не се толку уникатни како зелените или сините очи, но имаат и свои предности. Добрата страна на кафеавите очи е тоа што можете да користите било какви бои. Избегнувајте бела и жолта боја, затоа што тие прават вашите очи да изгледаат помали. Сите останати бои почнувајќи од лилава, сива, златна, кафеава и стигнувајќи до сина и зелена, ќе стојат прекрасно на вашите очи.

Независно од бојата на вашите очи, внимавајте кога употребувате розови сенки. Тие ги прават очите да изгледаат како потечени. Сообразувајте ја нијансата на сенките со вашиот тен. Ако имате потемен тен, користете потемни нијанси, а ако имате светол тен – светли нијанси.

 

  • Не користете сенки за очи кои се иста боја како и вашите очи. Ако го правите тоа, вашите очи не доаѓаат до израз. Бојата на сенките треба да биде контрастна на бојата на вашите очи.
  • Избегнувајте зелени сенки кога вашите очи се зацрвенети и уморени. Зелените нијанси ја прават умората повидлива. Кремовите сенки и сенките со боја на праска се најдобар избор во овој случај. Ако сакате да направите очите да ви изгледаат поголеми, ставете маскара на горните трепки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi