8 знаци дека ќе имате долг живот

30 јуни, 20150

Веројатно не сте ни свесни во која мера малите секојдневни работи влијаат на тоа колку ќе биде долг вашиот животен век. Науката утврдила дека со воведување на одредени навики значајно можеме да ја зголемиме нашата долговечност.

Ви претставуваме листа на знаци кои покажуваат дека ќе живеете многу подолго отколку што мислите:

Во младоста не сте имале сериозни проблеми со здравјето



Доколку во текот на целото детство сте имале нормална телесна тежина, минимални проблеми со здравјето и ретко сте го посетувале лекарот, значи дека имате одлична „подлога“ за долговечност.

Избегнувате газирани пијалаци

Голем број на луѓе консумираат барем една чаша газиран пијалак на ден. Експертите докажале дека оваа навика значајно го зголемува ризикот до метаболитички синдром.

Тоа е збир на здравствени пореметувања кои вклучуваат висок крвен притисок, прекумерна тежина и инсулинска резистенција, што на крај доведува до дијабетес и инфаркт. Со исфрлање на газираните пијалаци исфрлате и разни адитиви од својата исхрана, а сето тоа ќе го подобри вашето здравје и ќе ви додаде неколку години живот.

Пиете чај

Многу видови на чај се преполни со катехин, материја која ги опушта крвните садови и ги штити мозокот и срцето. Едно јапонско истражување спроведено врз 40 илјади луѓе покажало дека оние кои пијат минимум по 3 шолји чај на ден имаат најмалку шанси за болест на срцето или мозочен удар.

Не консумирате брза храна

Со избегнување на брза храна му правите голема услуга на вашиот организам. Хамбургерите, пржените компиричиња и останатите прехранбени артикли од рестораните за брза храна се преполни со штетни масти, шеќери и адитиви, кои лошо делуваат на вашето здравје. Процесираното месо подготвено на скара или на чад, може да биде полно со канцерогени материи.

Редовно сами ги извршувате обврските во домаќинството

Верувале или не, со самото чистење со правосмукалка, бришење на подот или на прозорите, ќе изгубите околу 300 калории. За оние кои не сакаат и немаат време за во теретана, чистењето и средувањето на домот е одлична и ефикасна телесна активност која го чува здравјето.

Многу печашите

Пешачењето спаѓа во наједноставните и најефикасните активности кои му помагаат на нашето здравје и кои ни обезбедуваат долговечност. Луѓето кои пешачат најмалку по 30 минути на ден имаат четири пати подобро здравје од оние кои не се движат.

Оптимист сте



Науката одамна потврди дека квалитетот на животот кај позитивните луѓе е значајно поголем отколку кај негативните. Со позитивно размислување се намалува стресот, кој е еден од главните причини за настанување на многу болести.

Окружени сте се добри пријатели

Цврстите и силни интерперсонални односи исто така се ефикасен борец против стресот. Сознанието дека во животот имате луѓе кои ви се поддршка и на кои можете да им се обратите во секој момент, ве прави поздрави, како физички, така и ментално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi