Зошто морската вода е лековита?

3 август, 20150
8

Престој покрај море од 15 до 30 минути дневно, дури и во студено време, значително го подобрува здравјето на луѓето…

Освен морските специјалитети, пливањето и трчањето по песок, морето е лековито и само ако се седи на крајбрежјето и се следат брановите. Престојот на море дефинитивно е лековито, и тоа го потврдува и модерната наука. Доколку покрај море се поминува 15 до 30 минути дневно, дури и во студено време, таквиот престој значително го подобрува здравјето на луѓето.

Морски воздух

Специфичниот мирис на море го предизвикува диметил сулфат, кој доаѓа од морето. Доколку се надишите морски воздух, навечер подобро ќе спиете, бидејќи морскиот воздух е богат со негативни јони на кислород, поради што полесно се апсорбира кислородот (ова е посебно добро за оние кои ги мачи проблеми со дишните патишта). Негативните јони се борат против слободните радикали и ја подобрува рамнотежата на нивото на серотон -хормонот на среќа.

Морска вода

Морската вода ублажува некои кожни болести. Солта и калум хлорид го подобруваат заздравувањето на оштетената кожа. Од Британското здружение на дерматолози објаснуваат дека морската вода може да го подобри повлекувањето на екземата поради антисептичките состојки. Добро дејствува и против воспалувањето на кожата како псоријазата. Но кожата може да се подобри и поради други фактори како опуштањето и промената на клима и храна кои одат заедно со морето.

Ги ублажува болестите на дишните патишта – Морската вода е добар лек и за синуси, алергии и настинка. Дејствува како антихистаминик и ги отвора дишните патишта. Солената вода помага кај надразнетата слузница на носот и шмркањето, при алергиска реакција и настинка, или ги ублажува болестите на дишните патишта. Малку чиста морска вода се зема со дланките и се доближува до носот со наведнување на главата на страна. Длабоко треба да се вдише и да се шмркне од водата во едната ноздра, а потоа и во другата. Солта од водата пече, но и ја дезинфенцира носната шуплина.

Секрет – жените кои боледуваат од воспалувања и имаат зголемен вагинален секрет, се препорачува испирање со морска вода. Најдобро е капење далеку од јавните плажи и каде што нема многу капачи и каде што морето е најчисто.

Проширени вени – Да се влезе во вода до половина колкови и да се оди во плиткото половина час, најмалку два пати дневно. Масажата до која доаѓа при движењето и дејството на водата ги затега и ги зајакнува вените.

Артроза и ревма – Кадата да се наполни со топла вода во која се става два килограми морска сол или помала количина на сол од Мртво Море. По престојот во када (оптимално 20 минути) да се легне во кревет и да се отспие. Топлата солена вода е одлична терапија за болните зглобови.

Рехабилитација – Поради поголемата специфична тежина, морската вода овозможува полесно одење, па движењата по скршеници на коските или кај болести на мускулите и зглобовите се безболни и полесни, а ефектите на рехабилитацијата се поголеми.

Балзам за кожата

Морето е поздраво и од кој било фитнес-центар на светот. Без сомневање морето е извор на здравје, убавина и кондиција. Позитивното влијание на морето врз кожата на телото е видливо уште по првото капење, со што таа станува помека, нежна и напната. Благодарејќи на состојките, морската вода е висококалоричен и добар балзам за кожата, телото и лицето. Нејзините основни состојки се солта, алгите и планктоните, богатството од различни минерали, витамини, елементи во трагови, па протеини, масти, силикати и аминокиселини.

Убавина и кондиција

Морскиот коктел на убавина кој содржи многу минерали и елементи во трагови, натриум, калиум, јод, бром, калциум, магнезиум, манган, фосфор и селен, навлегува во кожата, ја подобрува циркулацијата во нејзините подлабоки слоеви и ги зајакнува сврзните ткива. Затоа насред капење во морската вода кожата видно се зацврстува и таа станува посјајна и напната, како и влажна, нежна и здрава. Добро дејствува и против воспалувањата на кожата, како псоријаза. Ги чисти и акните и помага кај дерматози, бидејќи комбинацијата од морска вода и солен воздух е антибактериски мелем, кои помага при зараснување рани.

Морската вода благодарејќи превенствено на алгите кои содржат витамини А,Б, Ц и Е, има и докажан ефект против стареење, и дејствува и на превентивата и во борбата против знаците на стареење на кожата. На пример морето ја поттикнува продукцијата на клетките на кожата и создавањето на колагенот, ги неутрализира слободните радикали, но штити и од штетните влијанија на сончевите зраци. Морската вода поволно дејствува на сите типови кожа, ја чисти масната и ја смирува осетливата кожа склона кон црвенило. Таа го зајакнува одбранбениот механизам на кожата и ја поттикнува размената на материи, што на пример се гледа и во видливото намалување на целулитот. Поради содржината на сол во концентрација 35 грама на литар, морската вода ја олеснува осмозата – размената на материи на водата насобрана под кожата и го забрзува ослободувањето на течноста и целулитот.

Јодот исто така е еден од елементите во морската вода кој е неопходен во организмот заради производство на двата хормони на штитната жлезда. Морската риба и другите морски животни се извонреден извор на јод, а најмногу го има во морските алги.

Освен што поволно дејствува на убавината и здравјето на кожата, морето е како создадено за подигнување и одржување на телесната кондиција. Физичките активности во вода се повеќе делотворни од оние на суво. Потрошувачката на калории е многу поголема, зглобовите и карлицата не се оптоварени, се зајакнува имунитетот и крвотокот, а водата има и додатен ефект на масажа. На пример со водениот џогинг, трчањето во вода до колкови, за половина час ќе се потрошат околу 400 килокалории, а на суво само околу 250 килокалории . Со физичка активност во морето како на пример пливање се подигнува телесната кондиција, посебно силата и издржливоста, но и се зајакнуваат, оформуваат и зацврстуваат и сите мускули на телото, посебно на нозете, грбот, градниот кош и рацете. Пливањето на грбот силно дејствува на карлицата. Пливањето е и посебен начин на трошење на калориите, за 10 минути се трошат 100 килокалории.

Ако на тоа се додаде влијанието на морето на размената на материите, како и ефектот на масажата, морето дејствува и на намалување на масните наслаги и целулутот, а со тоа и на слабеењето. Исто така, физичката активност во морето позитивно дејствуваа и на крвотокот и дишењето. Многу придонесува и за јакнење на имунолошкиот систем, помага при болки во грбот, зглобовите, ја ублажува ревмата и при опуштање од стрес.

Морето дава и релаксирачко дејство. Антистрес-факторот на морето и многу изразен. Морето не само што дејствува опуштајќи ги мускулите од стрес, туку само по себе има и влијание на психата на човекот, па и самиот поглед на морската ширина е доволен да го преплави човекот со позитивна енергија, животна радост и задоволство, со што на момент се заборава на секојдневните проблеми. Со тоа воздухот над морската површина кој е посебно богат со кислород, исто така ги релаксира луѓето и ги прави задоволни.

Што содржи морската вода

Морската вода е мешавина на минерали и хемиски елементи. Натриум, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо- минерали кои се наоѓаат во човековата крв, а кои се неопходни за функционирање на секоја клетка, се концентрирани во морската вода. Поради тоа, таа освежува, ги јакне мускулите, ја стимулира работата на срцето и циркулацијата. Аеросолта која ја создава морскиот ветар дејствуваа поттикнувачки на нервните завршетоци во кожата и помага при намалување на отоците, а корисно дејствува и на горните дишни патишта.

Нешто и за водата за пиење

Водата се смета за еликсир на животот, но не е лесно да се одреди колку вода треба да се испие во текот на денот, за таа да има ефект. Многумина се израснати со убедувањето дека треба да се пие по 8 чаши дневно. Некои од неодамнешните препораки укажуваат на тоа дека луѓето повеќе не треба да се грижат за неопходната количина вода која мора да се испие, туку едноставно дека жедта може да се задоволи со кој било пијалак. Секако чистата вода освежувачка и без калории е најдобар избор. Студиите, исто така, покажуваат дека кога е во прашање хидратноста, може да послужи и кафето, негазираните сокови, па дури и пивото. Она што водата, исто така, ја става на прво место се и тврдењата дека водата помага и при губење на вишокот на килограми. А за да се потврдат овие тврдења на помош се повикани светски експерти за да сведочат за можните дејствија на водата.

Една од студиите објавена во 2002 година во американскиот „Журнал на физиологијата“ ја испитала веродостојноста и ефектот на старата препорака дека е неопходно и здраво да се пие по 230 милилитри вода и тоа 8 пати во денот. По темелната проверка на овие тврдења, еден од истражувачите д-р Хајнц Валтин заклучил дека нема доволно докази дека на здравите лица кои живеат во области со умерена клима и кои не се вклучени во силни физички активности им се потребни големи количини вода. За просечна физичка здрава личност д-р Валтин едноставно препорачува дека е доволно да пие вода само тогаш кога е жедна.

Исто така, истакнал дека дури и напивките со кофеин се добри како дополнување за задоволување на жедта. Она што е важно за оваа студија е тоа што во 2004 година Интернационалниот медицински институт во јавноста дал нови препораки кои се согласуваат со откривањата на д-р Валтин. Најновите препораки ја исклучуваат старата шема од 8 чаши вода дневно и со тоа се истакнува друг начин на одредување на неопходната количина на вода која поединец треба да ја внесе. Тој се заснова на користење на жедта како одредница за неопходната количина вода која треба да ја внесе лицето за да ја задоволи жедта. Од ова се изземаат лица кои страдаат од одредена болест, која бара контрола на внесот на течности, потоа спортистите, и лицата кои учествуваат во физички активности кои траат долго или живеат во екстремни животни услови.

Но, во конечниот извештај на ИМИ не е јасно утврдено која е основната количина вода која секојдневно треба да се внесува. Сепак се истакнати генералните препораки засновани на истражувања со кои се дошло до 2,7 литри или околу 11 чаши вода дневно кога се во прашање жените и 3,7 литри или околу 15 чаши вода за мажите. Оваа количина се однесува на вкупен внес на течности од сите извори на вода како течност и од храната. Исто така, околу 80 отсто од вкупните количини внесени течности доаѓа од водата и другите напивки, а преостанатите 20 отсто доаѓаат од храната.

Производи со доста вода:

зелена салата 95 отсто вода

лубеница 92 отсто вода

брокула 91 отсто вода

грејпфрут 91 отсто

млеко 89 отсто

сок од портокал 88 отсто

морков 87 отсто

јогурт 85 отсто

јаболка 84 отсто

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi