Наскоро автомобил што чувствува човечки емоции

12 декември, 20160
5

Авто производителот Honda го најави нивниот концепт за автомобил кој треба да биде прикажан на CES (Consumer Electronics Show) наредната година, а кој ќе биде способен да чувствува човечки емоции.

Во соопштението за медиумите на нивниот сајт, компанијата вели дека тематиката на нивната партиципација на CES ќе биде „Кооперативен движечки екосистем“, кој ќе ги истражува интерактивните искуства на патниците во возилата.

„Ѕвезда“ на нивната изложба и кулминација на темата ќе биде новото концептуално возило наречено “NeuV”. Се работи за автономен електричен автомобил опремен со вештачка интелигенција (AI), наречена “емоционален погон“. Од Honda објаснуваат дека овој погон е група на AI технологии која на возилото ќе му овозможи да генерира вештачки емоции.

На прв поглед, емоционален AI систем делува непотребно, па дури и глупаво. Меѓутоа, концептот кој од Honda го истражуваат е нов аспект на AI-то кој ќе им асистира на возачите, и ќе им биде од огромна помош во намалувањето на уморот кога ќе треба да се вози долг временски период и на големи далечини.

За жал, од Honda сè уште немаат објавено никакви детали околу тоа што овој “емоционален погон“ ќе прави и каде сè ќе се употребува во возилото. Една од претпоставките е, на пример, да ги собира податоците во врска со времето од Интернет, и резултатите да ги објавува со весел глас – нешто што би требало позитивно да влијае на возачот и патниците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi