Пеколна брзина: Што се случува кога ќе се превртите со брзина од 300 км/ч?

28 јули, 20160
5

Авионска писта можеби е најсигурно место за тестирање максимални брзини на некој автомобил, но при брзина од 315 километри на час ништо не е потполно сигурно.

Возачот и совозачот во модификуваниот Шевролет Камаро, изгубија контрола над автомобилот при брзина од 315 км/ч , при тестирањето на автомобилот. После поминувањето кон целта, возачот сакаше да успори како би застанал пред крајот на стазата, но при кочењето изгубил контрола на автомобилот кој нагло се сврте на десно и почна да се превртува.

Ударот е снимен од повеќе камери, од кои една го забележи превртувањето во воздуј, додека другите возењето го снимаа од кабината на автомобил.

https://www.youtube.com/watch?v=AMpp92bH-To

Иако колата е целосно смачкана, возачот и совозачпт ги спасиле рол бар појачувањата во кабината. Совозачот во несвесна состојба е префрлен во болница, каде му биле дијагностицирани полесни повреди, додека возачот е неповреден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *