23 мај, 2017

Радио

Германската компанија за тјунинг G-Power е позната по тоа што работи на автомобилите на BMW, но дури ни тие не можеа да му одолеат на моделот на Mercedes – AMG GT.

Во нивната верзија, автомобилот има 4,0-литарски V8 битурбо мотор кој испорачува 610 КС, благодарение на новиот Bi-Tronik модул. Претходно овој мотор развиваше 462 КС и 600 Nm обртен момент. Но, благодарение на модификациите, автомобилот сега до “стотка” пристигнува за сао 3,6 секунди.

Тјунерот посвети големо внимание и на визуелните подобрувања, а меѓу другото се издвојува и предната маска, како и новите полесни Hurricane RR тркала. Со ова тежината е намалена, а подобрена е аеродинамиката.

Mercedes-AMG GT напред има 20-инчни, а позади 21-инчни гуми, а само за нив купувачот ќе треба да одвои 7.645 евра. Целосниот пакет за подобрување чини 10.000 евра.

Остави коментар

Почетна // авто-мото // Тјунираниот Mercedes-AMG GT е уште помоќен и поубав!
Горе