Доколку мобилниот не го препознае сопственикот – не прикажува нотификации

20 декември, 20160
9

Компанијата „Хонор Хуавеи“, ќерка компанија на кинескиот гигант „Хуавеи“ на кинескиот пазар го пласираше својот смартфон „Honor Magic“ промовирајќи го како „уред на иднината“.

Смартфонот поседува 5-инчен „AMOLED“ eкран, задна камера од 12 и предна од 8 мегапиксели и го користи оперативниот систем „Android 6.0“.  Работи на процесорот „Kirin 950“ на „Huawei“, 64 GB интерна меморија, 4 GB RAM, a го напојува батерија од 2.900 mAh.

Опремен со сензор за отпечаток на прстот, сензор за амбиентално осветлување, компас, сензор за близина, акцелерометар, жироскоп и индиктаор за статусот на телефонот.

„WiseScreen“ софтверот користи сензор во рамките на смартфонот, како и инфраред сензор во предната камера. Кога корисникот ќе го земе смартфонот во раце, сензорот и камерата работат во тандем за да ги препознаат рацете и очите на сопственикот.

timthumb

Сличен софтвер кој се нарекува „FaceCode Intelligent Recognition“ овозможуваат прикажување на нотификации само кога ќе го препознае сопственикот.

„Honor Magic“ доби и дополнителен софтвер кој се нарекува „Magic Live“, кој се потпира на вештачка интелегенција при извршување на одредени задачи. Од компанијата тврдат дека смартфонот може да препознае кога корисникот вози, па така автоматски да се префрли во режимот за возење. Доколку лицето го користи смартфонот да повика такси, регистрацијата на возилото се појавува под екранот под заклучениот мод на екранот.

Смартфонот засега може да се најде во златно-црна и бела боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi