Дознајте: Зошто батеријата на вашиот смартфон се троши премногу брзо?

28 ноември, 20160
7

Денешните смартфони се прекрасни, можеме да направиме виртуелна тура низ целиот свет со нив. Можеме да го користиме целиот капацитет на Google и YouTube и сето тоа само со помош на малиот смартфон во рака. Сепак, не можеме да го правиме долго време.

Батеријата на телефонот паѓа многу брзо и единствениот начин потоа да сурфаш на интернет е да си близу до полначот во својата соба.

Но зошто батеријата паѓа толку брзо? Според новото истражување, животот на батеријата на смартфонот е директно поврзан со Facebook апликацијата, пренесоа светските технолошки сајтови.

Батериите на смартфоните со операциониот систем Android можат да издржат до 20% подолго кога се избрише апликацијата на Facebook за мобилни телефони.

Статистичките податоци кога Facebook е вклучен или исклучен се многу различни. Во апликацијата се случуваат многу работи кои им се прикажани на корисникот, имено овие работи црпат од енергијата на батеријата и истовремено прават го смартфонот прилично побавен и несмасен.

Многу од корисниците исто се согласуваат со ова тврдење. Според нив, Facebook го забавува смартфонот, што од своја страна е причина за брзото трошење на батеријата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *