Колкаво богатство заработуваат најпопуларните мобилни игри дневно?

1 септември, 20160
2

Гејминг индустрија во последните години ја престигна и надмина филмската индустрија според буџетите и заработката што ја остварува. Бројките што на дневна база ги заработуваат мобилните игри се вистински неверојатни и изненадувачки.

Една од предностите на мобилните игри е што нема потреба да имаат врвна продукција, а голем дел од буџетот влегува во делот за маркетинг.

Најмногу приходи носат оние игри што сите ги знаеме, што е доказ дека рекламата е далеку поважна од самиот софтвер. Бројките за приходите ги објави интернет страницата Topapps, а се однесува само на заработките на верзиите наменети за iOS.

Апсолутен крал е стратегијата Clash of Clans (iOS, Android) во која градите база и се браните од другите играчи. Овој наслов многу заработува од продажбата на валутата од самата игра која без купување е вистински тешко да се собере. Дневната заработка е 1.415.000 долари, а секој ден ја заигруваат по 55 илјади нови корисници.

Второто место го зазема играта (iOS, Android) Candy Crush Saga со заработка од 989.300 долари дневно. Нејзините автори се студиозни околу дизајнот на гејмплејот и внимателно одземаат или додаваат елементи кои ќе ги задржат постоечките играчи или ќе привлечат нови. Играта заработува благодарение на напредувањето на играчите кои купуваат бонуси и пауер-ап додатоци што го олеснуваат напредокот на нивоата.

На третото место на најпрофитабилните мобилни игри е Game of War: Fire Age (iOS,Android) која како и останатите е исклучително заразна, а дневно носи приходи од 844.330 долари. Секој ден играта расте за 69.950 нови играчи, а заработува благодарение на играчите кои бараат засилувања за империјата и додаваат естетски детали со кои сите ќе знаат дека сте најсилниот император на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *