24 февруари, 2017

Радио

Овој чудесен изум е на германската деловна жена Лена Солис и личи на сапун. „Долфи“ е минијатурна машина за перење која ќе им овозможи на луѓето кои често се во движење да си ги перат алштата кога сакаат и каде што сакаат.

dolfi1

„Долфи“ користи ултрасонична технологија за да ги чисти ткаенините и не ги оштетува како што тоа го прават обичните машини, и за разлика од обичното перење во кое само се трие површината, ултрасоничното продира во внатрешноста на ткаенината. Многу е едноставен за употреба, ги ставате алиштата во вода, додавате детергент, го ставате „Долфи“ внатре и го вклучувате. Вашата облека ќе биде чиста за 30 минути, само исцедете ја и закачете ја да се суши. Уредот е многу тивок, па можете да ги перете алиштата без да вознемирувате некого.

На страницата за производот, Лена вели дека била инспирирана од чудесните придобивки на ултразвукот, кој со години се употребува во индустријата и медицината, па сега се радува што оваа технологија ќе има и секојдневна комерцијална употреба и ќе го смени начинот на кој переме.

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Машина за перење што може да ја носите во џеб
Горе