25 февруари, 2017

Радио

Компанијата Turing Robotics Industries го најави Turing Monolith Chaconne паметниот телефон, којшто според своите карактеристики може слободно да кажеме дека ќе биде најмоќниот телефон направен до денешен ден.

Овој паметен телефон ќе поседува екран со дијагонала од 6.4 инчи којшто ќе обезбедува 4K квалитет на сликата. Ќе поседува и три работни мемории од по 6 GB, што значи дека вкупно ќе поседува дури 18 GB работна меморија.

Во неговата внатрешност ќе бидат сместени и три Snapdragon 830 процесори, а внатрешниот простор за складирање ќе изнесува три пати по 256 GB, а ќе може да се прошири и на уште 512 GB со помош на мемориска картичка.

Засега се нагодува и дека овој екстремен паметен телефон ќе се појави на пазарот кон почетокот на 2018-та година, но многумина се сè уште скептични и се сомневаат дали  Turing Robotics Industries и воопшто ќе го пушти овој уред во слободна продажба.

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Ова е најмоќниот паметен телефон на сите времиња!
Горе