24 мај, 2017

Радио

Според шпекулациите што се појавија Samsung наводно планира следната година да ја реактивира продажбата на Galaxy Note 7. Не треба посебно да се спомнува дека овој смартфон предизвика огромни проблеми и загуби за корејскиот гигант, а освен финансиските загуби, се наруши угледот на компанијата и верувањето во безбедноста на нивните уреди.

Колку за потсетување, Note 7 имаше сериозни проблеми со батеријата, а поголем број уреди се самозапалија во текот на користењето. Samsung потоа објави повлекување на моделот и враќање на парите или пак замена со друг смартфон.

Информациите се дека меѓу вратените смартфони има добар дел кај кои проблемот не е присутен или пак може да се отстрани, па затоа е можно Samsung да се обиде да врати на пазарот некој од овие модели како посиплатлива опција од нивното целосно уништување.

Сите такви модели ќе бидат со ознака Refurbished како и сертификат за сигурност, а цената ќе биде многу пониска од првичната по која се продаваше овој модел.

Сепак се уште не е извесно дали ова ќе се случи, бидејќи се уште нема потврда ниту пак демант од компанијата.

 

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Samsung Galaxy Note 7 може да се врати на пазарот следната година?
Горе