25 февруари, 2017

Радио

Компанијата Samsung денеска(9-ти декември) ќе ја претстави новата верзија на својот паметен телефон Galaxy S7 Edge, наречена Black Pearl.

Иако спецификациите се исти како и претходните изданија, станува збор само за нов надворешен изглед, односно боја на куќиштето, која овој пат е црна металик.

“Празничното” издание на Galaxy S7 Edge од утре ќе се најде во продажба, а ќе биде достапен исклучиво во верзија со 128 GB интерна меморија, исто како и конкурентниот iPhone 7 Jet Black.
Покрај тоа, Black Pearl ќе биде наменет само за одредени пазари. Но, Samsung сега за сега ги крие информациите за тоа кои се тие пазари, а исто така во тајност ја држи и цената на уредот кој ќе биде официјално претставен утре.

Досега, Galaxy S7 Edge беше достапен во шест варијанти на надворешен изглед – lue Coral, Pink Gold, White Pearl, Black Onyx, Gold Platinum и Silver Titanium.

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Samsung ја претстави новата верзија на својот Galaxy S7 Edge
Горе