Снепчет воведе четири нови опции кои ги израдуваа корнисниците!

28 декември, 20160
8

Снепчет е дефинитивно апликацијата која има најголем подем во последнава година, а тоа го докажува и огромниот број на корисници кои секојдневно ја користат.

Во пресрет на празниците, Снепчет реши да ги израдува своите корисници со четири нови опции, со што покажа дека нема намера да се откаже од конкурентноста на сѐ позафатениот пазар.

Прва од опциите е онаа на која најмногу се израдуваа корисниците, а тоа е воведувањето на групните четови. Тоа значи дека отсега ќе можете да формирате група до 16 луѓе со кои ќе разговарате и ќе споделувате видеа и фотографии.

Втора е можноста за пребарување на “Shazam”, па отсега Снепчет зависниците ќе можат да ја насочат апликацијата на камерата за да ја идентификуваат песната која свири во позадина.

Уште една интересна опција е едноставно наречена “Scissors” или “ножички”, а со неа корисниците ќе можат да исечат дел од пораката и да ја претворат во свој персонализиран стикер кој ќе биде зачуван на нивниот профил.

Четката за боење или “Paintbrush” е последната новина, но сега за сега не се понудени многу информации околу неа. Според името, најверојатно ќе станува збор за можност на боење на оригиналните пораки или испишување со четка врз пораките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi