100 интересни факти за светот што ќе ве запрепастат

5 октомври, 20160
2

Дали сте знаеле дека најмалиот пингвин на планетата е само 40 сантиметри висок? Или дека мамути шетале по Земјата кога се граделе Големите пирамиди? Задоволете ја вашата љубопитност за светот околу нас со овие 100 фасцинантни, смешни и многу интересни факти:

  1. На вашата кожа живеат повеќе форми на живот отколку што има луѓе на планетата.
  2. Видрите спијат држејќи се за раце.
  3. Кога играта Твистер прв пат била претставена во 1966, критичарите ја опишале како „секс во кутија“.
  4. О Џеј Симпсон требал да ја игра улогата на Терминатор, но студиото се плашело дека никој нема да верува дека тој може да глуми безмилосен убиец.
  5. Леонардо да Винчи можел да пишува со едната рака и да црта со другата во исто време.
  6. Последниот човек што одел по Месечината, Џин Сернан, и ветил на неговата ќерка дека ќе ги напише нејзините иницијали на Месечината. Тој го направил тоа и нејзините иницијали, „ТДЦ“, најверојатно ќе стојат на Месечината десет илјади години.
  7. Октоподот „Мимичар“ не само што менува бои туку може и да имитира форми на други животни како некои видови на риби и морски змии.
  8. Дваесет проценти од шољите за кафе содржат материја од измет.
  9. Доколку го отсраните целиот празен простор од атомите што го сочинуваат секој човек во светот, целата светска популација би ја собрало во едно јаболко.
  10. Во 1960-ите, ЦИА се обидела да ги шпиунира Кремлин и руските амбасади со претворање на мачки во направи за прислушување. Со програмата, наречена „Акустично маче“, на мачките хируршки им се вметнувале батерии, микрофони и антени.
  11. Трите најбогати семејства во светот имаат повеќе средства отколку комбинираното богатство на четириесет и осум-те најсиромашни земји.
  12. Еден застој во сообраќајот траел повеќе од десет дена, а автомобилите се движеле помалку од еден километар дневно.
  13. Дуелите се легални во Парагвај сé додека двете страни се регистрирани донатори на крв.
  14. Гасениците целосно се растекуваат при нивната трансформација во молци.
  15. Има преку 200 тела на Монт Еверест и тие служат како патокази за планинарите.
  16. Адаптирано со инфлација, Џон Д. Рокфелер е најбогатиот човек во историјата на светот со вкупна нето вредност десет пати поголема од Бил Гејтс.
  17. Сите часовници во филмот „Евтини приказни“ стојат на 04:20.
  18. Др. Сус ја напишал „Зелени јајца и шунка“ само за да победи на облог со неговиот издавач кој не верувал дека тој може да напише книга со само 50 зборови.
  19. Во просек, еден човек ќе изеде 70 инсекти и десет пајаци додека спие.
  20. Постојат повеќе можни потези во игра шах отколку што има атоми во познатиот универзум.
  21. Кога играчите на американски фудбал на тимот на Универзитетот на Небраска играат дома, стадионот станува трет најголем град во државата.
  22. Во Русија пивото не се сметало за алкохол до 2011. Претходно било класифицирано како безалкохолен пијалок.
  23. Доколку машки лав преземе глутница, тој ги убива сите младенчиња.
  24. Женските делфини помагаат при породувањето на други делфини.
  25. Две-третини од луѓето на светот никогаш не виделе снег.
  26. Во трилерот „Психо“ на Алфред Хичкок од 1960 звучните ефекти за познатата сцена под туш всушност биле создадени со повторувани убоди во диња.
  27. Птицата колибри тежи помалку од една железна паричка.
  28. Во САД има повеќе ненаселени куќи отколку бездомни лица.
  29. Човечката плунка содржи состојка против болки наречена опиорфин која е шест пати посилна од морфиум.
  30. Влакнестиот мамут постоел во времето кога се граделе пирамидите во Египет.
  31. Крвта на јастозите е безбојна, но кога е изложена на кислород станува сина.
  32. Доколку пробате да се спречите да не кивнете можете да искинете крвен сад во главата или вратот и да умрете.
  33. Кога змии се раѓаат со две глави тие се борат меѓусебно за храна.
  34. Просечниот човек во текот на својот живот пешачи еднакво на поминување три пати околу светот.
  35. Ајкулите можат да детектираат еден дел крв во 100 милиони делови вода.
  36. Австралија е единствениот континент без ниту еден активен вулкан.
  37. Кожата е најголемиот орган што го сочинува човечкото тело.
  38. Медузите се 95 проценти вода.
  39. Навечер сте еден процент покуси отколку наутро.
  40. Би ви биле потребни повеќе од 1.000 години да го гледате секое видео на
  41. Ајкулите се имуни на сите познати болести.
  42. Едно од десет бебиња во Европа се зачнати во IKEA кревет.
  43. Најактвините мускули ви се во очите.
  44. Еден човек, Чарлс Озборн, икал 69 години.
  45. Бубашвабата може да живее неколку недели со отсечена глава.
  46. Петнаесет проценти од воздухот што се дише во метро станиците е човечка кожа.
  47. Јазикот е најсилниот мускул во човечкото тело.
  48. Гинисовата книга на рекорди го држи рекордот за најчесто крадена книга од јавните библиотеки.
  49. Жирафата може сама да си ги исчисти ушите со нејзиниот 53 сантиметарски јазик.
  50. Атлантскиот Океан е посолен од Тихиот Океан.
  51. Мажите имаат шест пати поголема шанса да ги удри гром отколку жените.
  52. Топлата вода замрзнува побрзо од ладна вода.
  53. Зборовите постирани на Твитер секој ден би наполниле книга од 10 милиони страници.
  54. Замрзнати јастози можат да оживеат повторно кога ќе се одмрзнат.
  55. Популацијата на Африка ќе се дуплира на 2,3 милијарди луѓе до 2050.
  56. Дождот содржи витамин Б12.
  57. Цртаните со Пајо Паторот биле забранети во Финска затоа што тој не носи панталони.
  58. Француски бил официјалниот јазик на Англија преку 600 години.
  59. Болвата може да скокне 350 пати од нејзината телесна должина, што е еднакво на човек да ја прескокне должината на едно фудбалско игралиште.
  60. Крокодилите голтаат камења за да се нурнат подлабоко.
  61. Ајкулите никогаш не прекинуваат да се движат, дури и кога спијат или се одмараат.
  62. 53 проценти од жените не излегуваат од дома без шминка.
  63. Шансата да умрете по пат кога купувате карти за лото е поголема отколку шансата дека ќе добиете лото.
  64. Нашите очи се секогаш истата големина од раѓање, но нашите носови и уши никогаш не престануваат да растат.
  65. Комарците ги преферираат децата отколку возрасните и русокосите отколку бринетите.
  66. Два дена откако ќе умрат, мравките испуштаат миризба која ја примаат други мравки. Тие ја земаат мртвата мравка и ја носат во мравји гроб.
  67. Просечниот човек консумира околу половина килограм инсекти годишно, главно измешани во друга храна.
  68. Доколку не би и се додавало боја, Кока-Колата би била зелена.
  69. Вашите нокти на прстите растат побрзо на студено време.
  70. САД, Бурма и Либерија се единствените земји во светот што го немаат официјално прифатено метричниот систем како стандард за мерење.
  71. Земјата е единствената планета што не е именувана по бог.
  72. Кравите имаат најдобри пријатели и доживуваат стрес кога се оттргнати од нив.
  73. Доколку храната не е измешана со плунка неможете да ја вкусите.
  74. Одењето на работа е статистички три пати поопасно од војна.
  75. За време на бременоста, мозокот на жената се намалува и се потребни до шест месеци да се врати на оригиналната големина.
  76. Пред времето на колонијализмот, Африка ја сочинувале 10.000 различни држави и автономни групи со различни јазици и обичаи.
  77. Во 1386 во Франција, свиња била егзекутирана со јавно бесење за убиството на дете.
  78. Осаменоста го намалува имунитетот, имањето семејство и пријатели го зголемува имунитетот за 60 проценти.
  79. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.
  80. Доколку кивнете премногу силно, можете да повредите ребро.
  81. Птицата колибри е единствената птица што може да лета назачки.
  82. Целокупното трепкање во еден ден е еднакво на тоа да ви се очите затворени 30 минути.
  83. Јагодата е единственото овошје чие семе расте на надворешната страна.
  84. Поларните мечки кога пробуваат да се вклопат со мразот ги покриваат нивните црни носови со шепите.
  85. РМС Титаник е единствениот океански брод кој некогаш бил потонат од санта мраз.
  86. Потребни би биле 1.200.000 комарци, сите цицајќи истовремено, да се извади целосно крвта од просечниот човек.
  87. Околу 2.500 леваци умираат годишно како резултат на користење опрема направена за деснаци.
  88. Мравките се истегнуваат кога ќе се разбудат наутро.
  89. Златото никогаш не еродира.
  90. Човечките коски на бутовите се посилни од бетон.
  91. Најголемиот тенија црв што бил пронајден во човечко тело бил 35 метри долг.
  92. Кучињата се способни да разберат до 250 зборови и гестикулации и имаат демонстрирано способност да извршат едноставни математички пресметки.
  93. Забите на ајкулата се буквално силни како челик.
  94. Човечките усни имаат црвеникава боја поради големата концентрација на ситни капилари под кожата.
  95. Луис Армстронг толку многу свирел на труба што добивал плускавци на усните. Тој ги сечел со жилет.
  96. Најдолгата медуза некогаш измерена била долга скоро 49 метри.
  97. Поради дишењето, нашите ребра се движат околу пет милиони пати годишно.
  98. Само еден човек на секои две милијарди ќе доживее 116 години или повеќе.
  99. Од 1945, сите британски тенкови се направени со опрема за приготвување чај.
  100. Просечниот човек има од еден до четири килограми бактерии во своето тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *