15 навистина важни мудрости на Ганди кои ќе ви го променат животот

13 септември, 20160
17

Махатма Ганди, длабоко спиритуалниот лидер на движењето за независност на Индија, ја присвои ненасилната форма на граѓанска непослушност како начин на борба против британската окупација.  Во текот на неговиот живот како активист, Ганди проповедаше доктрина на љубов која ги инспирираше неговите следбеници да ја предизвикаат неправдата со мировни протести.

Иако тој е убиен во 1948, верувањето на Ганди дека омразата може да се победи без употреба на насилство сé уште живее и денес. Тука издвоивме петнаесет негови цитати кои ќе ве потсетат дека секој може да го промени светот.

  1. „Ако човек нема љубов спрема одредена личност или систем, тој треба да се чувствува слободен му даде полн израз на неговото незадоволство сé додека тој не помислува, промовира, или поттикнува насилство.“

 

  1. „Религиите се различни патишта што се спојуваат во иста точка. Не е важно дали патуваме по истиот пат сé додека ја имаме истата цел. Во што е потребата за расправање?“

 

  1. „Само вистината ќе опстане. Сé друго ќе се покоси со бранот на времето.“

 

  1. „Не смееш да ја изгубиш вербата во човештвото. Човештвото е океан, ако неколку капки во океанот се валкани, океанот не станува валкан.“

 

  1. „Не ја молам Индија да практикува ненасилство затоа што е слаба. Сакам таа да практикува ненасилство со свесност за нејзината сила и моќ.“

 

  1. „Јас се гледам себеси како војник, иако војник на мирот.“

 

  1. „Да се нарече жената послаб пол е клевета, тоа е човековата неправдина спрема жената.“

 

  1. „Слабите никогаш неможат да простат. Простувањето е карактеристка на силните.“

 

  1. „Не е мудро да се биде премногу сигурен во сопствената мудрост. Здраво е да се потсетуваме дека најсилните можат да ослабат и дека најмудрите можат да згрешат.“

 

  1. „Седум општествени гревови: политика без принципи, богатство без работа, задоволство без совест, знаење без карактер, трговија без моралност, наука без човечност и богослужење без жртва.“

 

  1. „’Мрази го гревот, а не грешникот’ е принцип кој, иако е доволно едноставен да се разбере, е ретко практикуван, и затоа отровот на омразата се шири низ светот.“

 

  1. „Ако Индија ја прифати доктрината на љубовта како активен дел од нејзината религија и ја воведе во нејзината политика, само-владеењето ќе ѝ се спушти на Индија од рајот.“

 

  1. „Јас сум љубител на мојата сопствена слобода и затоа не би направил ништо да ја ограничам твојата [слобода]. Едноставно сакам да ја задоволам мојата совест.“

 

  1. „Добриот човек ќе му се спротивстави на зол систем со целата негова душа. Непочитувањето на законите на злата држава затоа е должност. “

 

  1. „Среќа е кога тоа што го мислиш, тоа што го кажуваш и тоа што го правиш се во хармонија.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *