Попаметните имаат помалку пријатели, науката го докажа тоа

8 јули, 20160
17

Пријателите се вистинско богатство за секој човек, а комуникацијата меѓу луѓето отвора многу врати.

Но, научниците сакаа да го дознаат одговорот на прашањето дали комуникацијата навистина ни е потребна за да се чувствуваме среќни? Студијата е објавена во British Journal of Psychology.

Во истражувањето учествувале 15.000 луѓе на возраст од 18 до 28 години. Откако ги добиле резултатите од анализата психолозите Сатоши Каназава од Лондонското училиште за економија и Норман Ли, од Универзитетот за менаџмент во Сингапур, дошле до неколку заклучоци.
1. Како прво правило, луѓето кои живеат во густо населени области се чувствуваат помалку среќни.
2. За да бидеме среќни повеќето од нас имаат потреба од постојана комуникација со пријатели и луѓе слични на нас. Колку поблиски сме, толку поголемо е нивото на среќа
.3. Луѓето со висока интелигенција се често исклучок од ова правило.Колку повисоко е IQ нивото, толку помала потреба за комуникација има човекот. Интелектуалците се чувствуваат незадоволно кога имаат премногу друштвени активности. Мозокот на интелигентните луѓе функционира поинаку и прави разлика дури и во начинот на комуницирање. Таквите луѓе изгледаат како да не живеат во свој свет.

Повеќето генијалци се осамени, а малкумина ги разбираат и прифаќаат како такви. Интелигентните луѓе лесно можат да живеат по свои правила, нивната висока интелигенција им дава слобода да не зависат од другите луѓе цело време, движејќи се кон целта независни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *