„Топлото срце е многу поважно од брилијантниот ум“ – Далај Лама

22 август, 20160
13

Довербата води до среќни денови и среќни животи“. Ова бил одговорот кој Далај Лама му го упатил на новинарот од „National Geographic“ на прашањето: Како можеме да пронајдеме мир набљудувајќи го светот?

Најкусиот одговор: Патувањата нè учат да веруваме.

Додека безнадежно сме заглавени во вртлогот на секојдневниот хаос, имајте предвид дека плановите кои ги кроите за секое патување, блиско или далечно, го започнуваат процесот на блаженство и среќа.

„Здравјето е многу важно за водење среќен живот, но процесот мора истовремено да вклучува и среќен ум“, вели 14-от Далај Лама.

Кога се фокусираме премногу на нашите проблеми, тогаш ја влошуваме ситуацијата.

Кога нашиот ум е константно навиен да размислува на она што не чини, стануваме неподносливо оптоварени и несреќни.

Со гледање на светот и животот во поширока смисла, креираме поголем простор за одржување на надежата и ентузијазмот.

Крајниот заклучок е дека патувањата навистина може да го направат светот едно посреќно место, бидејќи нè принудуваат да си веруваме еден на друг.

Секогаш кога ќе имате можност, спакувајте ги куферите, доживејте и впијте различни географски простори и култури и никогаш не губете ја својата емпатија.

„За вистинска среќа, топлото срце е многу поважно од брилијантниот ум“, ја завршува својата порака Далај Лама.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi