Најинтересни хотели во светот

13 јули, 20160
14

Необичните, преубави и откачени хотели се доказ дека човечката фантазија и креативност немаат граници.

16.Хотелот од мраз во Квебек, Канада: Се прави секој јануари, а опстанува до април. Го градат 60 работници околу 45 дена, од 15.000 тони снег и 500.000 мраз.

15.Хотел во пештера во Кападокија, Турција: Првобитно во карпите се наоѓал манастир, меѓутоа денес оваа пештера е луксузен хотел со 18 соби кои се рачно исклесани од вулканските камења пред еден век.

14.Подводен хотел на Малдивите: Поточно, во рамките на хотелот Конрад може да се изнајми подводен апартман за младоженци и тоа на само еден ден, заради големиот интерес. Апартманот е сместен на 16 метри под површината на Индискиот океан, а над него во лак се протега стаклен плафон од кој може да се набљудува фасцинантниот растителен и животински воден свет.

13.Хотел на дрво на северот на Шведска: Го отвориле шведски принцеза и принц и моментално важи за еден од најатрактивните дестинации во Европа. Се состои од 6 единствени апартмани сместени во необични дизајнирани куќички на дрво, а планирано е да се изградат вкупно 24  од кои секоја ќе биде уникатна и идеја на друг архитект.

12.Хотел капсула во Шангај, Кина: Собите се толку мали што во нив може само да се преспие. Отворен е како спас за патниците кои сакаат евтино преноќувалиште, а комфорот и удобноста не им се многу битни.

11.Хотел кој плови во близина на Стокхолм, Шведска: Влезот на хотелот плови во вода, додека собите се сместени под вода, поточно три метри под површината на Шведското езеро и нуди неверојатно искуство, со оглед на тоа што од сите страни сте опкружени со вода.

10.Бурж ал Араб, хотел во Дубаи: Еден од најспектакуларните и најлуксузни хотели на светот, чија што цена на изградба се чува во тајност.

9.Џамбо Џет хотел во Арланд, Шведска : Вистински авион на Џамбо Џет од 1976 година е претворен во хотел со 27 соби.

8.Хотел во некогашната арена за борба на бикови, Закатекас, Мексико: Луксузен комплекс изграден во рамките на реконструираната арена за бикови од 19 век, Сао Паоло. Архитектонските и решенијата за ентериерот повеќепати се надградувани , а повеќето соби се во колонијален стил.

7.Хотел во облик на куче во Ајдахо, САД: Овој интересен хотел во облик на куче од расата бигл сигурно ќе ги израдува љубителите на кучиња. Парот кој го изградил хотелот тврди дека секоја пара вложена во изградбата се собрала од продажба на играчки за кучиња, како и дека во хотелот секоја ситница, од подот до покривот е инспирирана од кучињата, па така дури и креветот е во облик на коска.

6.Хотел светилник во близина на Даблин, Ирска: Едно од најромантичните места во Ирска е светилникот стар преку 200 години, сега реконструиран и претворен во хотел со 6 модерно опремени соби и со неверојатен поглед.

5.Хотел Маркиз де Рискал во северна Шпанија: Исклучителното архитектонско достигнување со неправилен, светкав, титаниумски покрив, се вгнездило во најбогатите лозја во регијата Риоха. Под покривот на ова здание кое повеќе наликува на скулптура отколку на хотел, се кријат 143 апартмани, ресторан, базен, фитнес центар и продавница.

4.Хотел „Слобода“ во некогашен затвор во Германија: Затворот е од 19 век кој престанал да функционира кон средината на 90-те години. Со вложување на 150 милиони долари претворен е во луксузен и скапоцен хотел со официјално најдобрите ресторани во светот и со 298 фантастично дизајнирани и осмислени соби.

3.Замок Мункастер, Велика Британија: Хотелот сместен во старинскиот замок е специфичен по натприродните искуства кои, како што тврдат, таму ќе ги доживеете. Средновековната тврдина е домаќин на Паранормалната конференција, а нуди и специјални услуги на повикување на духови. Цената за група од 6 луѓе кои можат да отседнат во делот на замокот каде што ќе ги дочекаат духови, вештерки и останата дружина е околу 700 долари.

2.Хотел „Магична планина“, Чиле: Бајковит хотел сместен е во приватниот резерват Хола Хола, целиот изграден од локалните дрвја и камења во облик на вулкан, прекриен со шумска мов, а од врвот се слива водопад. Првите соседи на овој интересен хотел се орли, пуми и останатите чуда на флората и фауната. Името го добил по познатата тамошна легенда за планината која исполнувала желби и предизвикувала чуда.

1.Арбач Ал Баит, Мека, Саудиска Арабија: Величествената скапоцена градба висока 600 метри, важи за второ највисоко здание, а воедно и за едно од најимпозантните и најмоќни на светот. Сместен е во светиот муслимански град Мека, на него чука најголемиот часовник на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi