Најубавите и најлуксузни острови во светот

13 септември, 20160
6

Краток муабет и слики од најубавите острови во светот: Муша Кеј, Некер, Малдиви, Барбадос, Бора Бора…

Остров Муша Кеј

Се наоѓа во јужниот дел на Бахамите и е целосно во приватна сопственост, а негов сопственик е познатиот Mаг Дејвид Коперфилд.

Островот располага со 150 декари тропската шума, преубави плажи и кристално чисти води. На овој остров се сместени пет суперлуксозни вили во тропски стил, наменети за не повеќе од 24 гости истовремено, и секоја од нив има посебна плажа.

До островот се доаѓа само со приватен авион, што  го гарантира мирот на гостите.

Остров Некер

Тој е од групата на Вирџинските острови и припаѓа на британскиот бизнисмен Ричард Брандсон.

Тропски шуми и плажи со беспрекорен и фин песок се протегаат на 74 хектари. Шесте уникатни куќи се ресположени по островот и се идеални за оние кои сакаат романтичен одмор. Островот Некер обично можат да го посетат одеднаш максимум 28 лица.

Без разлика дали вашата страст е да уживате во кристалните води или да се релаксирате на осамената плажа, за вас, таму ќе се организира казино, коктел забави, скара на плажа, гала вечери и уште многу други интересни активности.

W Retreat and Spa, Малдивите

Островот е еден приватен тропски рај, кој е одалечен на околу 25 минути од аеродромот Мале.

Двоспратните вили, кои се наоѓаат над водата, даваат можност да уживате максимално во престојот. Покривите обезбедуваат поглед кон небото, а стаклените подови ја откриваат фауната на лагуната.

Има четири нивоа во понудата за сместувања и тоа – Beach Oasis, Ocean Oasis, Seascape Escape и Ocean Heaven.

Остров Барбадос-бисерот на Карибите

Барбадос е островска држава, дел од групата на Малите Антили.

Бујнатао тропска вегетација, финиот коралниот песок и Азурниот Море го прават ова место една од омилените дестинации на најбогатите и најпознатите луѓе – Черчил, Кенеди и Оназис…

Најомилен на туристите секако дека е луксузниот спа и голф центар Sandy Lane.

Oстров Антигва

Антигва е најголемиот остров во државата Антигва и Барбуда, во Карибското Море. Познат е по своите 365 плажи, па така, секој ден од годината, може да бидете на различна плажа. Антигва има прекрасни гребени и остатоци од скршени бродови, кои се испитуваат со нуркање.

Таму е снимена и фотографирана и егзотичната реклама на слаткото искушение “Рафаело”.

Бора Бора

Овој остров, стана синоним на луксуз и егзотика. Бора Бора е и омилено место на штотуко венчаните и романтиците. Белопесочните плажи, кои постепено отстапуваат место на смарагдните води, ја прават Бора-Бора, без сомнение најромантичното рајско катче во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi