Погледнете зошто ова е најдобриот остров на светот
Еден од најромантичните острови на светот е прогласен за број 1 во конкуренција на многу други острови низ светот.
Островот Бора Бора е прогласен за најдобар остров во светот. Еве видете зошто:
Островот Бора Бора се наоѓа помеѓу Перу и Австралија, во Тихиот Океан. Од Перу е одалечен 8.197 километри, а од Австралија – 5.981 километар. И покрај големата далечина од копното, сепак се смета за многу популарна туристичка дестинација. Островот е долг само 10 километри а пак ширината е малку повеќе од 3 километри.
Бора Бора е најпрепознатлив по бројните лагуни, кои се наоѓаат околу целиот остров, на кој се наоѓаат и два вулкани. Главен град на овој мал остров е Ваитапе.
За тие со подлабок џеб, пак вистинското уживање на овој остров е преспијувањето во бројните бунгалови, кој се изградени над водата и една вечер за таа привилегија се плаќа дури 1000 долари.