25 февруари, 2017

Радио

Потребни состојки

За тесто:

  • 2 шолји Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји масло за јадење
  • 4 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји мелени ореви
  • 1 ќесичка прашок за пециво

За фил:

  • 200 мл млеко
  • 150 г шеќер
  • 100 г чоколада
  • шлаг пена

Начин на подготовка

Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат останатите состојки по ред. Изматената смеса се истура на подмачкан и побрашнет плех. Се пече на 220 степени околу 25 минути. По благо ладење од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака. Млекото, шеќерот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се меша иситнетото тесто и се филуваат тортичките. Се украсува со шлаг пена.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Мини тортички
Горе