25 септември, 2017

Радио

Состојки 

За палачинките:

  • 500 г екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 3 дл млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • сол
  • малку рендана кора од лимон

За полнењето:

  • 500 г свежо несолено сирење
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 4 лажица шеќер
  • малку суво грозје

За преливот:

  • 180 г кисела павкала
  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка

Измешајте си состојките за тестото како и вообичаено, испржете ги палачинките и оставете ги да се оладат.

Потоа во сад измешајте ги состојките за полнењето. Намачкајте ги палачинките со смесата од сирење и завиткајте ги, а потоа наредете ги во тава за печење.

Измешајте ги состојките за преливот, и прелејте ги палачинките.

Печете во загреана рерна на 180 степени, се додека не заруменат.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Печени палачинки со младо сирење
Горе