Тесто готово за 10 минути: Идеално за вкусни пирошки, лепињи или кифли

31 октомври, 2016
6

Ви пренесуваме брз и едноставен рецепт за вкусно пециво кое е идеално за сите кои немаат време.

Тестото за ова пециво кое е готово за десет минути излегува меко, не се лепи за раце, добро се меси и што е најважно – не се распаѓа.

Состојки:

  • 4 шолји од 2 дл брашно
  • 2 лажици шеќер
  • половина лажица сол
  • 2 лажици сончогледово масло
  • 500 мл млеко
  • кесичка сув квасец

Начин на подготовка:

Сите состојки соединете ги во хомогена смеса. Така направената смеса ставете ја во ќеса и оставете ја во фрижидер два часа.

Извадете го тестото од фрижидер и полека извалкајте го во брашно.

Од ова тесто можете да подготвите пирошки, лепињи или кифли.