Вкусна кајгана со сланина
28 октомври, 20160
СОСТОЈКИ:
- 2 јајца
- 50 грама сланина
- 100 грама кашкавал
- свеж магдонос
- зачини по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Сланината ситно ја сецкаме на коцки. За овој рецепт употребивме Пекабеско сланина
- Кашкавалот ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето
- Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба
- На загреано масло во тава ја пржиме ситно сецканата сланина
- Потоа го додаваме кашкавалот за да се стопи
- Во истиот сад ги додаваме и изматените јајца
- Кога омлетот е готов наросуваме оригано и свеж магдонос
Одлично е во комбинација со парче леб и чаша јогурт. На здравје!