Според повеќето од нас првата љубов завршува лошо. Мојата и започна лошо. Ја бркав околу една година, да тоа е правиот збор – ја бркав. Бев заљубен во неа, но таа немаше никаков интерес. За нејзина несреќа јас не се предадов лесно.
Можам да бидам многу напорен, па бев. Освен тоа бев сигурен дека за прв пат сум го сретнал човекот со кого што е пишано да бидам.
И така по една долга, емоционална и исцрпувачка година, јас го скршив отпорот. Мојата тврдоглавост и покажа дека ми е гајле за неа, на начин на кој што не му беше гајле на ниеден друг маж.
Проблемот беше тоа што откако ја натерав да се заљуби, да ми поверува и да ме засака, веќе не бев во можност да и возвратам со истото.
Мислев дека ја сакам, и сега, гледајќи наназад, веројатно навистина сум ја сакал, но некако не можев да ја натерам да го почувствува тоа. Бев млад, глупав и наивен. Мислев дека љубовта е едноставна. Мислев дека е чиста. Мислев дека е совршена. Сега, речиси десет години подоцна, знам дека не сум бил дури и блиску до вистината.
Сакав една жена со сето свое срце, но бев премногу слаб за да го признаам тоа пред себе. Ми требаа години за да ја натерам да се заљуби во мене, а потоа не успеав да и возвратам со истото. Знам дека сите жени што читаат сакаат да ме наречат во моментов со неколку погрдни зборови, но ајде да се држиме до “слаб”.
Само еден слаб маж може да ја натера жената да се заљуби во него и потоа да заебе сè. Не е лесно да натерате една жена да се заљуби во вас, особено кога таа се трудела да не потклекне.
Жената, како и мажот може да се заљуби веднаш, додека да трепне. Но, ако треба да ја натераш да се вљуби биди подготвен за херојски напори.
Вистина е дека луѓето ги привлекува најсилно она што не можат да го имаат. Тоа ги тера да бидат амбициозни, да се занесат во целост …
Мажот ја брка жената очајно, ги користи сите свои вештини, станува и продолжува, без разлика колку пати паднал. А што може да го натера овој маж да ги остави во минатото сите овие напори, целата таа страст? Слабоста!
Само еден слаб маж може да ја натера жената да се заљуби во него, а потоа да се убеди себеси дека повеќе не ја сака.
Човековата свест е енормно комплицирана, а и покрај сите достигнувања на науката, ние се уште не го разбираме тоа доволно.
Да бидеш вљубен не е ништо повеќе од тоа да ја гледаш реалноста онаква каква што сакаш да ја видиш.
Тоа е причината зошто многу од нас се “разљубуваат” од луѓето кои до неодамна ги сакале. Се обидуваме да избегаме од комплексноста, да функционираме едноставно и така и не успеваме да разбереме што навистина значи да сакаме некого.
Ако си вљубен, навистина вљубен, можеш да избереш да останеш вљубен, да останеш во оваа реалност. Ако знаеш нешто за овој човек и покрај тоа го сакаш, тогаш си заљубен и целиот живот можеш да останеш заљубен.
Но обично не го правиш тоа, нели? Преслаб си за да ја задржиш оваа реалност, за да му наредиш на умот да не ја уништи убавата бајка, која самиот си ја создал.
Само еден слаб маж може да ја натера жената да се заљуби во него и потоа да ја скрши емоционално.
За да живее љубовта, треба нега. Без неа е невозможно да сакаш – не и по начинот на кој треба да се сака. Треба да ја сакаш така што е невозможно да ја повредиш.
Да сакаш значи да се обидуваш да се претвориш од човекот кој секогаш си бил во подобриот човек кој знаеш дека можеш да бидеш.
Почнуваш да го губиш чувство за тоа каде завршуваш ти и започнува таа. Се плашиш за нејзината безбедност, за нејзината среќа … се плашиш за неа повеќе отколку што се плашиш за себе.
Кога сакаш една жена, ти и се посветуваш. Можеби не го чувствуваш тоа така, но тоа е затоа што си премногу егоцентричен за да го разбереш. Тоа не е нешто од кое што треба да се срамиш, но е нешто што треба да го надраснеш.
Нема да бидеш среќен ако секогаш си сам, а ќе бидеш сам, ако не се научиш да сакаш друг човек така, како што се сакаш себе.
Како да го направиш тоа? Како да не дозволиш да се предадеш? Како да не му дозволиш на животот да те совлада? Како да не и дозволиш на сопствената несигурност и слабост да земат превласт над тебе и да го дефинираат твојот пат?
Да љубиш една жена значи никогаш да не ја напуштиш. Ако ја оставиш жената што ја сакаш, значи да се изгубиш себе. Верувај ми. Само еден слаб маж може да создаде можност љубовта да е вечна и да ја остави да му се лизга меѓу прстите.
Ако си ја натерал да те засака, тоа е само почеток на битката, но честитки! Сега започнува најтешкиот дел.
Си создал многу можности за тебе самиот. Си ја создал можноста да имаш човек крај себе, со кого ќе го поминеш неизвесно и понекогаш каменестиот пат пред себе. Си успеал да го направиш тоа што многу луѓе не успеваат.
Прашањето е дали си доволно силен за да останеш тука, за да не ги зафркнеш сега работите?
Некои ќе речат дека сум бил среќен да ја пронајдам љубовта толку млад … Но, знаете во пеколот, во кој сум, не се чувствувам така.