4 типа на танц за тонирано тело

27 декември, 20160
13

Сите тие заводливи движења го вежбаат вашиот абдомен, а ако танцувате на високи потпетици тогаш и нозете го добиваат потребниот тренинг. Размрдајте го колковите, време е за забава, вежбање и слабеење наедно. Танцот е вистинскиот спорт за жените a eфектот е тонирано тело!

ЗУМБА

Која друга вежба ќе ви овозможи да согорувате калории олку лесно? Овој латински инспириран танц-вежба комбинира кореографија со висока енергија и секвенци на тонирање т.н. „фитнес забава“ и идеален е за намалување на килограми и дефиниција на мускулите.

Ова е одлична форма на кардио со која можете да постигнете одлична фигура.

ХИП-ХОП

Хип-хопот комбинира елементи од студиски џез и улични стилови. Типичните движења вклучуваат: собирање и отпуштање на рамениците, вратот и колковите, пози на заклучување и брејкденс, каде имате простор за многу акробации.

Многу од потезите се прават со свиткани колена, значи благо клечејќи за што задникот и бутовите ќе ви бидат навистина благодарни.

Покрај доброто тело, покажете ги научените вештини на неделните хип-хоп вечери во дискотеките.

СТОМАЧЕН ТАНЦ

Се сеќавате на Жаде или барем на нејзиниот заводлив стомачен танц. Но дали сте знаеле дека тоа ритмично движење на колковите, стомакот, рамената, рацете и грбот изненадувачки го тонира вашето тело?

Со минимален напор преку забавни потези овој танц е совршен за сите возрасти, па дури и за оние со спортски повреди. Со него ќе ги зајакнете мускулите на грбот и ќе ја намалите болката.

Се што ви е потребно е ориентална музика и марама околу колковите. Застанете пред огледалото и мрдајте со колковите на сите можни начини. И вашиот партнер ќе биде среќен!

БУРЛЕСКА

Време е за лекции од Dita Von Teese! Бурлеската е еден вид на класичен стриптиз кој ви помага да симнувате килограми како што ја симнувате облека.

Сите тие заводливи движења го вежбаат вашиот абдомен, а ако танцувате на високи потпетици тогаш и нозете го добиваат потребниот тренинг.

Камшикувањето и интензивните потези може да доведат до повреди на вратот, зглобовите и на други делови од телото, затоа ако сте почетник бидете внимателни.

Верувале или не ова е одлична кардио вежба! Ааа да, и партнерот ќе биде среќен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi