Бидете фит со помош на најдобрите сајтови за вежбање!

21 ноември, 20160
10

Постојат милион изговори да не вежбате: топло е, ладно е, во теретана има премногу пот и гужва… Немојте да не мразите, но ние ви кажуваме дека не постои ни еден доволно дабар изговор да не се вежба особено што тоа можете да го работите во својата пријатна, мирна куќа и се што ви треба е ќилим за вежбање и шишенце вода!

И веднаш да ве предупредиме дека следниов изговорот не го прифаќаме „Не е професионално да се вежба дома, бидејќи немаме инструктор“. Благодарејќи на интернетот можете да уживате во удобноста на вашиот дом и да добиете фантастична фигура.

Затоа погледнете ги најдобрите сајтови за вежбање кои ќе направат чудо од вашето тело!

Booya
До колку сакате да вежбате по последните фитнес трендови придружете се на сајтот Booya ! Изберете балет, јога, пилатес, напорни ренинзи… И вежбајте секој ден по 30 минути! Пред секое вежбање има детално објаснување и секако колку калории во таа прилика ќе истрошите! Првиот месец е бесплатен со регистрација, а понатака се доплатува околу 10 долари.

Blogilates
Јутјуб каналот Blogilates е достапен на сите и потполно е бесплатен. Кеси Хо е симпатична пилатес инструкторка која на сјаен начин ја спојува вежбата и забавата и сигурно одлично ќе се забавувате додека ги работите вежбите! Шарени и интересни видео снимки сигурно вашето вежбање ќе го направат интересно, а инструкторката освен вежби дава и одлични совети како здраво да се храните!

Move Me Fit
Веројатно и вие ќе помислите како е многу поинтересно и инспиративо да вежбате со нај добрата пријателка! Затоа тука е сајтот Move Me Fit! Move Me Fit ја употребува вашата камера за да ја подели вашата работа со пријателката на друга локација. Не само што ќе имате некој што ќе сочувствува со вас кога сте исцрпени, тука така сигурно ќе бидете по одговорни. Пронајдете пријателка за вежбање и ќе видите како ќе немате време за изговори!

Tone It Up
Два тренери се подобри од еден зарем не? Затоа задолжително обрнете внимание на Јутјуб каналот Tone It Up! Карен и Катрина се ваши сојузници кои ќе ве доведат до совршено тело! До колку се спремате за голем ден, Тука се нивните видео снимки кои ќе го подготват вашето тело за било кој модел на венчаница! На нивниот канал секогаш ќе ве дочека нова содржина, а ако сте љубители на јога, овие две дами имаат сјајни туторијали!

Crunch
Дали Crunch ви звучи познато? Веројатно некогаш сте слушнале или прочитале за ланец на теретани кои секаде во светот се познати по своите необични фитнес вештини! Доколку немате храброст или едноставно не сакате теретана, Crunch е одличен начин теретаната да ја доведете во својот дом! До колку само сакате тренингот да го испробате на 10 дена потполно е бесплатен со регистрација, а на месечно ниво е 10 долари.

Be Fit
Ако ви треба додатна мотивација за вежбање, тука е Јутјуб каналот Be Fit! Овој канал секоја недела има нови вежби па тешко дека вежбањето ќе ви здосади! Имаат голем број видео снимки па ќе можете да изберете она што на вас ви одговара! Испробајте ги нивните предизвици од 90 или 30 дена кои ги го доведат вашето тело до совршенство! Сигурно сте слушнале за фантастичната Џилијан Мајклс и добро спремете се да вежбате со неа по пат на овој јутјуб канал!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi