Едноставна мултифункционална вежба која ги активира сите мускули

20 декември, 20160
7

Температурите стануваат сè повисоки, а сезоната за покажување на телото се наближува. Време е да го истренираме телото. Ако досега не сте почнале, сега ви е крајно време.

Оваа вежба е многу забавна и го активира секој мускул – од задникот до рамениците, а таквите вежби се и повеќе од потребни, поради нивната мултифункционалност и бидејќи веднаш го носат резултатот. Можеби ќе ви биде тешка на почетокот, но важна е волјата, а кондиција со текот на времето ќе ви се зголеми.

Станува збор за „ротирачка Т продолжение“. Називот е малку чуден, но може да сфатите дека се работи за вежба во кое телото ја формира буквата „Т“ и се ротира.

1. Застанете во положба за машки склекови.

2. Држејќи ги рацете исправени, префрлете ја тежината на левата рака и ротирајте го торзото кон десната страна, подигнувајќи ја десната рака кон плафонот, формирајќи ја буквата „Т“.

3. Држете се во таква положба околу 3 секунди и вратете се во првобитна положба. Повторете со другата рака на спротивната страна.

ednostavna-multifunkcionalna-vezba-koja-gi-aktivira-site-muskuli-02

Со оваа вежба го активирате средниот дел од стомакот, рамениците, мускулите на грбот, долните грбни мускули и задникот. И тоа со секое движење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *